ОУ „Христијан Тодоровски-Карпош“ - Ранковце
основно училиште во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Основно училиште „Христијан Тодоровски-Карпош“ (официјално: Основно општинско училиште „Христијан Тодоровски-Карпош“ - Ранковце; скратено: ООУ „Христијан Тодоровски-Карпош“) — централно основно училиште во селото Ранковце, Општина Ранковце.[1]
За други значења на поимот, погл. ОУ „Христијан Тодоровски Карпош“.
Училиштето е именувано по македонскиот комунист и истакнат партизан Христијан Тодоровски-Карпош.
Remove ads
Местоположба
Училиштето е сместено на главниот пат во селото, во близина на општинската зграда.
Историја
Училиштето постои од 1956 година. Централниот објект на училиштето бил обновен во 2000 година.
Подрачни училишта
Во рамките на општинското основно училиште „Христијан Тодоровски - Карпош“ се наоѓаат и три подрачни основни училишта од прво до деветто одделение, каде покрај учениците од селата каде што се наоѓаат самите подрачни училишта, се образуваат и други ученици од поблиските села. Овие училишта се:
- Подрачно основно училиште „Христијан Тодоровски - Карпош“ во село Герман
- Подрачно основно училиште „Христијан Тодоровски - Карпош“ во село Радибуш
- Подрачно основно училиште „Христијан Тодоровски - Карпош“ во село Псача
Организација
Во училиштето работат 42 наставника и осум членови на помошниот персонал во училиштето. Во учебната 2015/2016 година биле запишани 301 ученик, распоредени во 26 паралелки.
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads