Обединета македонска дијаспора
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Обединета македонска дијаспора или ОМД (англ. United Macedonian Diaspora, UMD) — меѓународна организација основана во 2004 со седиште во Вашингтон, САД чија главна цел се интересите и потребите на македонските заедници ширум светот. ОМД има претставништва на македонските заедници ширум светот, поточно во Брисел, Канбера, Лондон, Мелбурн, Њујорк, Париз, Штутгарт, Сиднеј и Торонто. ОМД е непрофитна организација, даночно ослободена по законот 501(c)(3).
Remove ads
Цели
Обединетата македонска дијаспора изјавува дека нејзината главна цел е „да го негува на единството помеѓу Македонците, и да ја шири нивната кауза“.[1] ОМД ја застапува Македонија и Македонците низ светот. Организацијата ја промовира Македонија, го претставува и запазува историското, духовно и културно богатство на Македонија и Македонците. ОМД ги постигнува овие цели со застапништво, добротворна работа и разни образовни програми.
Remove ads
Управен одбор
Тековниот состав на Управниот одбор на ОМД е следниов:
- Методија Колоски, претседател
- Александар Митрески, заменик-претседател
- Мајкл Сарафин, секретар
- Денис Маневски, благајник
- Ордан Андреевски, директор на огранокот во Австралија
- Џим Дајкос, директор на огранокот во Канада
- Бобан Јовановски
- Стојан Николов
- Алекдандра Трпковска
- Игор Звездаковски
Издавачка дејност
ОМД го издава списанието UMD Voice четири пати годишно. Списанието ги информира членовите тековните настани во врска со Македонија и Македонците како и збиднувањата во организација и иницијатива на ОМД. Најновиот број на списанието можете да го добиете бесплатно тука[мртва врска]. Уредник на UMD Voice е Марк Бранов.
Наводи
Поврзано
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads