Обединета македонска дијаспора

From Wikipedia, the free encyclopedia

Обединета македонска дијаспора
Remove ads

Обединета македонска дијаспора или ОМД (англ. United Macedonian Diaspora, UMD) — меѓународна организација основана во 2004 со седиште во Вашингтон, САД чија главна цел се интересите и потребите на македонските заедници ширум светот. ОМД има претставништва на македонските заедници ширум светот, поточно во Брисел, Канбера, Лондон, Мелбурн, Њујорк, Париз, Штутгарт, Сиднеј и Торонто. ОМД е непрофитна организација, даночно ослободена по законот 501(c)(3).

Кратки факти Обединета македонска дијаспора United Macedonian Diaspora, Основачи ...
Remove ads

Цели

Обединетата македонска дијаспора изјавува дека нејзината главна цел е „да го негува на единството помеѓу Македонците, и да ја шири нивната кауза“.[1] ОМД ја застапува Македонија и Македонците низ светот. Организацијата ја промовира Македонија, го претставува и запазува историското, духовно и културно богатство на Македонија и Македонците. ОМД ги постигнува овие цели со застапништво, добротворна работа и разни образовни програми.

Remove ads

Управен одбор

Тековниот состав на Управниот одбор на ОМД е следниов:

  • Методија Колоски, претседател
  • Александар Митрески, заменик-претседател
  • Мајкл Сарафин, секретар
  • Денис Маневски, благајник
  • Ордан Андреевски, директор на огранокот во Австралија
  • Џим Дајкос, директор на огранокот во Канада
  • Бобан Јовановски
  • Стојан Николов
  • Алекдандра Трпковска
  • Игор Звездаковски

Издавачка дејност

ОМД го издава списанието UMD Voice четири пати годишно. Списанието ги информира членовите тековните настани во врска со Македонија и Македонците како и збиднувањата во организација и иницијатива на ОМД. Најновиот број на списанието можете да го добиете бесплатно тука[мртва врска]. Уредник на UMD Voice е Марк Бранов.

Наводи

Поврзано

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads