Обединета нормативна податотека
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Обединетата нормативна податотека (германски: Gemeinsame Normdatei, крат. GND) — меѓународна нормативна податотека во која се организирани лични имиња, предметни определници и здруженија од разни библиотечни каталози. Наменета е првенствено за документација во библиотеки и архиви. Со неа раководи Германската национална библиотека (DNB) во соработка со разни библиотечни мрежи. Правата на GND се водат под лиценцата Криејтив комонс Нула (CC0).[1]

Remove ads
Видови на единици во GND
Обединетата нормативна податотека е пуштена во април 2012 и ги здружува содржините на следниве нормативни податотеки (сега укинати):
- Нормативна податотека на лични имиња (Personennamendatei; PND)
- Обединета нормативна податотека на здруженија (Gemeinsame Körperschaftsdatei; GKD)
- Нормативна податотека на клучни зборови (Schlagwortnormdatei; SWD)
- Податотека на единствени наслови на Германскиот музички архив (Einheitssachtitel-Datei des Deutschen Musikarchivs; DMA-EST)
На нејзиното започнување (5 април 2012), GND содржи 9.493.860 податотеки, од кои 2.650.000 се однесуваат на лични имиња.
Постојат шест вида на единици во GND:[2]
Remove ads
Поврзано
- Виртуелна меѓународна нормативна податотека (VIAF)
- Контролен број на Конгресната библиотека (LCCN)
- LIBRIS - нормативна податотека на Кралската библиотека на Шведска
- Нормативна контрола
- Шаблон:Нормативна контрола
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads