Оберхоф

From Wikipedia, the free encyclopedia

Оберхофmap
Remove ads

Оберхоф (германски: Oberhof) — мал град во округот Шмалкалден-Мајнинген, во сојузната покраина Тирингија, Германија. Тој е зимски туристички центар и место за одмор на илјадници луѓе. Секоја година е посетуван од десетици илјади туристи. Официјално, градот го добил овој статус во 1985 година.

Кратки факти Земја, Местоположба на градот Оберхоф во рамките на округот Шмалкалден-Мајнинген ...
Remove ads

Географија

Оберхоф се наоѓа во Тириншката Шума, на масив висок 815 метри. Јужно од местото поминува патеката Ренштајг. Околината на градот е целосно пошумена.

Соседни општини

Оберхоф се граничи со градовите Штајнбах-Халенберг и Цела-Мелис во округот Шмалкалден-Мајнинген. На исток се наоѓа општината Гератал во округот Илм и слободниот град Зул. Општините Луизентал и Ордруф од округот Гота се граничат со градот на север.

Remove ads

Историја

Оберхоф бил населен во 1641 година и останал мал град до крајот на XIX век, кога градот бил поврзан со железничка линија до Риченхаузен и скијачите и другите туристи го откриле местото.

Во почетокот на XX век, Оберхоф станал центар за зимски спортови и најмногу биле застапени санкањето, нордиското скијање и скијачките скокови, кои се одржувале на соодветни спортски објекти. Во последните години, градот вложи во изградба на терени за алпско скијање и ги исполни стандардите за меѓународни биатлонски натпреварувања. Патеката за боб, санкање и скелетон била домаќин на многу светски и европски првенства.

Во август 2009 година бил отворен првиот скијачки тунел во Оберхоф.

Remove ads

Меѓународни спортски настани

  • Светско првенство во боб 1931 и Светско првенство во нордиско скијање 1931
  • Светско првенство во санкање 1973
  • Европско првенство во санкање 1979
  • Светско првенство во санкање 1985
  • Европско првенство во санкање 1998
  • Светско првенство во биатлон 2004 и Европско првенство во санкање 2004
  • Светско првенство во санкање 2008

Меѓународни односи

Оберхоф е збратимен со следниве градови:

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads