Црвена верверица
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Црвена верверица или обична верверица (науч. Sciurus vulgaris) — еден од видовите на верверици. Тоа е животно кое живее на дрва, сештојад, глодач кој е раширен по Евроазија, вклучувајќи ја Македонија.[2]
Remove ads
Опис
Црвената верверица има типична должина на главата и телото од 19-23 см, и на опашката 15-20 см, тежина од 250/340 гр. Не е полово диморфна, т.е. мажјаците и женките се со иста големина. Се смета дека долгата опашка им помага да ја одржуваат рамнотежата и правецот при скокање и качување по дрвата, а и се покриваат со неа за да се загрејат додека спијат. Крзното варира според годишните времиња и географски, од црно до црвено. Долната страна им е секогаш посветла до бела. Крзното го менуваат двапати годишно, од потенко летно во подебело зимско и со подолги влакна на ушите.
Како и сите верверици, има остри свиени канџи со кои се качува и симнува од стебла, тенки гранки, па дури и ѕидови од куќи. Силните задни нозе ѝ овозможуваат да прави долги скокови помеѓу дрвата. Исто така, знае и да плива.
Remove ads
Распространетост
Црвените верверички заземаат бореални, иглолисни шуми во северна Европа и Сибир, претпочитајќи бел бор, европска смрека и сибирски бор. Во западна и јужна Европа ги има во широколисни шуми каде мешавината на видови дрвја и грмушки обезбедува подобар извор на храна во текот на целата година. На повеќето британски острови и во Италија, широколисните шуми сега се помалку соодветни поради подобрата стратегија за хранење на доведените сиви верверички.[3]
Remove ads
Размножување и смртност
Парењето настанува или во доцна зима (февруари-март) или во лето (јуни-јули). Женката може годишно да одгледа до две легла. Во секое легло се раѓаат по три до четири млади, иако се забележани и случаи со по шест. Бременоста трае 38-39 дена. Младите ги чува мајката, бидејќи се раѓаат беспомошни - слепи и глуви, и тежат околу 10-15гр. Крзното на младите им израснува до 21. ден, очите им се отвораат по 3-4 недели, а забите им растат до 42. ден. После тоа младите верверици можат да јадат и тврда храна, и го напуштаат гнездото во потрага по храна, но се враќаат да цицаат кај мајката додека не достигнат возраст од 8-10 недели.
За време на парењето мажјаците ги откриваат женките кои се во овулација по мирисот, и иако нема додворување, мажјаците ги бркаат женките и по цел час пред половиот однос. Обично повеќе мажјаци бркаат една женка, сѐ додека доминантниот мажјак, обично најголемиот во групата, ќе има полов однос. Мажјаците и женките се парат повеќепати со различни партнери. Типично, женката е сексуално зрела во втората година од животот.
Животниот век на црвената верверица изнесува во просек 3 години, некои единки може да достигнат и 7 години, дури и 10 во заточеништво. Преживувањето е поврзано со достапноста на храна во зима, во просек 75-85% од младите умираат во текот на својата прва зима, а смртноста е 50% за секоја зима после првата.[4]
Галерија
- Единка во Зоо Скопје
Профил на Евроазиска црвена верверица во сиво зимско крзно Две недели стара верверица Црвена верверица плива во Онтарио, Канада Црвена верверица се покрива со опашот во Турку, Финска
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads