Овес (род)

род на житни растенија From Wikipedia, the free encyclopedia

Овес (род)
Remove ads

Овес (науч. Avena) — род на растенија од семејството треви (Poaceae) со 33 вида[1] (вкл. два хибрида). Се одгледуваат илјадници години како храна за луѓето и животните.[2] Застапени се ширум Европа, Азија и северозападна Азија. Неколку вида се одомаќинети во многу делови на светот, каде важат за инвазивни кога растат заедно со други култури. Сите видови овес имаат јадливи семки, макар што кај повеќето семињата се мошне мали и тешки за вршење.

Кратки факти Овес, Научна класификација ...
Remove ads

Видови

Домашни видови

Еден од домашните видови претставува значајна житарка. Останатите четири се житни култури од помало или месно значење.

  • Avena sativaовес, домашен овес; житарка од голема важност во целиот свет.
  • Avena abyssinicaетиопски овес; од висорамнинските краишта на Етиопија.[3]
  • Avena byzantina — цариградски овес; блискоисточен вид од помало стопанско значење.
  • Avena nudaгол овес; имал поголема важност во минатото, пред да биде заменет со денешниот домашен овес. Денес е позастапен (особено во органското земјоделство) бидејќи е побогат со хранливи состојки од домашниот овес.
  • Avena strigosaчетинест овес; сточна храна во делови на Западна Европа и Бразил.

Диви видови

Дивите видови овес се штетни корови кога растат заедно со житни култури. Тешко се искоренуваат по хемиски пат, бидејќи обичните хербициди ги убиваат и другите житни култури заедно со нив. Поради тоа се користи посебен вид на хемикалија, која е скапа и треба да се применува долго време (семките знаат да бидат во мирување по 10 години).

  • Avena barbataбрадест овес
  • Avena brevisкраток овес
  • Avena fatuaдив овес
  • Avena maroccana — марокански овес
  • Avena occidentalis — западен овес
  • Avena pubescens — кадрав овес
  • Avena pratensisливаден овес
  • Avena spicata — шилест овес
  • Avena sterilisјалов овес
Remove ads

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads