Овчарство
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Овчарство — втора по значење сточарска гранка по говедарството која подразбира чување, одгледување и искористување на овци. Најповолни услови за развој на овчарството има во умерените и во суптропските предели, како и на високите планини на кои има свежа трева во текот на целиот летен период. Денес, со одбирање и со вкрстување се одгледуваат повеќе видови овци, кои даваат поголеми количества млеко, месо, волна и кожа. Традиционално прибирањето на овци и добивањето на производите се одвива во бачило.




Во Македонија во 2013 година имало 731 828 овци.[1]
Remove ads
Овчарите како тема во уметноста и во популарната култура
Овчарството како тема во народното творештво
- „Мрзливиот овчар“ - македонска народна приказна.[2]
- „Овчарот и владиката“ — македонска народна приказна.[3]
- „Стадо силно стадо“ — македонска народна песна.[4]
- „Ох, планини, што сте огрделе“ — македонска народна песна.[5]
- „Ор Стојане стар чобане“ — македонска народна песна.[6]
- „Овчар ми свирит над село“ — македонска народна песна.[7]
- „Овци паса“ — македонска народна песна.[8]
- „Овчар по брег оди“ — македонска народна песна.[9]
- „Седнал ми овчар безгрижно“ — македонска народна песна.[10]
- „Ој овчаре, млад чобане“ — македонска народна песна.[11]
- „За овчарот кој го разбирал јазикот на животните“ — полска народна приказна.[12]
- „Кралот Матија и овчарот кој ја зборува вистината“ — унгарска народна приказна.[13]
- „Ѕвездоокиот овчар“ - унгарска народна приказна.[14]
- „Изедениот овчар“ (српски: Изједен овчар) - српска народна песна.[15]
- „Мојсеј и пастирот“ - суфиска приказна.[16]
- „Кралот и овчарот“ (српски: Краљ и чобанин) - српска народна приказна.[17][18]
Овчарството како мотив во книжевноста
- „Волкот и овчарите“ - басна на американскиот писател Емброуз Бирс.[19]
- „Иберискиот овчар“ – роман на Бернардо де ла Вега од 1591 година.[20]
- „Нимфите и овчарите од Енарес“ – роман на Бернардо Гонсалес де Бобадилја од 1587 година.[21]
- „Овчарот Фидо“ – книга на италијанскиот писател Џовани Батиста Гварини од 1590 година..[22]
- „Ноќната песна на еден овчар-скитник во Азија“ (Canto notturno di un pastore errante dell' Asia) - песна на италијанскиот поет Џакомо Леопарди од 1829-1830 година.[23]
- „Овчарот од Филида“ – книга на Луис Галвес де Монталво.[22]
- „На дедо Димовото бачило“ — расказ на македонскиот писател Ванчо Николески.[24]
- „Чудотворен кавал“ — расказ на Ванчо Николески.[25]
- „Овчарчето Тасе“ — расказ на Ванчо Николески.[26]
- „Овчарче“ - песна на германскиот поет Хајнрих Хајне.[27]
Овчарството во филмот
Remove ads
Поврзано
- Козарство
- Говедарство
- Сточарство
- Живинарство
![]() | Оваа статија поврзана со земјоделството е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads