Огледало (книга)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Огледало е книга на Кирил Пејчиновиќ, печатена во 1816 година во Будим, во тогашната Австриското Царство.
Содржина
Книгата е печатена со црковнословенски шрифт. Форматот и е мала осминка. Покрај 4 ненумерирани, таа содржи 148 нумерирани странички (во нумерацијата е направена една грешка: по стр. 76 следува 87, така што последната бројка е 158, за десет повеќе од стварниот број на страниците).
Книгата ја има следната содржина:
- Послједование, пострижение монаха, одјејание расси и камилавки 1-3
- Сказание о молитвје свјатаго Нифонта јако ова пријатна јест пред Богом 3-6
- Молитва свјатаго Нифонта 6-18
- Сказание о молитвје свјатаго Трифона како подабает пјети 19-20
- Молитва свјатаго Трифона 20-36
- Сказание како подобает звучити отрока азбуки 36-39
- Чин благословение отроков 39-48
- Молитва 7 отроком немогушчим спати болним 48-53
- Молитва за всекаква болест со параклис Богородичен 53-54
- Молитва от очес призора сиреч за уроци 55-57
- Поучение свакому Христиану, како подобает празновати празници Господских и свјатих и како подобает причаститисја свјатим причашчением 58-145 (155)
- Молитва свјатаго Арханѓела Михаила 146-148 (158).
Како што се гледа, најголемиот дел од книгата го зафаќа словото за празниците, оригинална проповед на народен јазик. На народен јазик се пишувани и сказанијата (под бр. 2, 4, 6 во содржината), а при молитвите само некои кратки објасненија. Другото е на црковнословенски јазик.
Молитвите и последованијата во „Огледало“ се земени повеќето од требниците. Сказанието за молитвата на св. Трифона и трите негови молитви се извлечени од еден ракописен црковен устав од XV в., што го имал при рака Кирил (Хлудова збирка бр. 123). Сказанието за молитвата на св. Нифонта и таа молитва се земени од Прологот, од житието на светецот. Одломки од словото за празниците има објавено Стојан Новаковиќ во книгата „С Мораве на Вардар“, Београд 1894 г. 90-106, со современа транскрипција. Притоа ред грешки од првото издание не се исправени, а има случаи да се направени и нови.
Remove ads
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads