Одрински Вилает

From Wikipedia, the free encyclopedia

Одрински Вилает
Remove ads

Одрински Вилает (традиц. нарекуван и Одринско) — еден од европските вилаети во Отоманското Царство чиј центар на таа територија бил градот Одрин (Едрене). Оваа територија се протегала од Црното Море до реката Места и од тогашната бугарско-турска граница до Мраморно и Егејското Море, но без Истанбул.[1]

Thumb
Карта на Одринскиот Вилает. Источна Тракија е денешна европска Турција, и мали делови од Грција и Јужна Бугарија.
Thumb
Етнографска карта на Одринскиот Вилает во 1912 година според Љубомир Милетиќ. Текстот на картата е на бугарски јазик.
Remove ads

Потекло на поимот

Името потекнува од градот Одрин. Вилаетот понекогаш се нарекува и со кратенката Одрински, но и со географското име Источна Тракија.

Население

Вилаетот бил населен воглавно од турско, грчко и бугарско население.[2] Според Љубомир Милетиќ Одринскиот вилает, без Истанбулскиот вилает, во 1912 година имал околу 1,000,000 луѓе. Најмногубројно било турското население со околу 400 илјади жители, а Бугарите, Грците и другите националности биле околу 600 илјади луѓе, од кои 300 илјади зборувале на бугарски, а 200 илјади зборувале на грчки јазик.[3] Од тие што зборувале бугарски, околу 176,000 биле припадници на Егзархијата,[4] 96,000 Помаци,[5] 25,000 припадници на Патријаршијата и 1,700 Униjати.[6] По Балканските војни, христијанското население од Одринско било прогонето од страна на турските власти[7], и денес регионот е претежно населен со турско население.

Повеќе информации санџак, Турци ...
Remove ads

Наводи

Поврзано

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads