Љубомир Милетиќ
научник од областа на бугарската и славистичката филологија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Љубомир Милетиќ или Милетич (бугарски: Любомир Милетич; Штип, 1 јануари 1863 - Софија 2 јуни 1937 ) — научник од областа на бугарската и славистичката филологија и историја.
Remove ads
Биографија
Роден е во 1863 година во Штип. Татко му Георги Милетиќ е роден во Хабсбуршката Монархија, но потекнува од Одринска Тракија. Во Македонија е учител во Велес, Штип, Кукуш, Струмица, Ваташа. Мајка му Евка Попдаова е од Велес.[1]
Љубомир Милетиќ учи во Нови Сад и Софија, а потоа го завршил средното образование во Загреб. Словенска филологија учи во Загреб и Прага. Докторира во Загреб (1888). Работи како професор на Катедрата по словенска филологија на Софискиот универзитет “Св. Климент Охридски” (1892 - 1934). Тој е еден од основачите на Вишата школа во Софија (Софискиот универзитет) и активен член (од 1898) на Бугарското книжевно друштво (Бугарска академија на науките). Бил и ректор на Софискиот универзитет (1921) и претседател на Бугарската академија на науките (1926 - 1937).
Милетиќ е поддржувач на бугарскиот став за националната припадност на Македонците. Активно учествува во основањето на Македонскиот научен институт (МНИ) во Софија, чија основна задача е прибирање, обработка и објавување материјали за Македонија. Уредник е на списанието "Македонски преглед".
Милетиќ ги има редактирано и објавено спомените на бројни македонски револуционери, а на неписмените борци (Никола Митрев-Езерски) самиот тој им ги запишувал со своја рака.
Remove ads
Објавени дела
- “Старобългарска граматика с упражнения, текстове из старобългарските паметници и речник” (1888)
- “O članu u bugarskom jeziku” (Загреб, 1889)
- “Старото българско население в Североизточна България” (1902)
- “Das Ostbulgarische” (Виена, 1903)
- “Die Rhodopemundarten der bulgarischen Sprache” (Виена, 1911)
- “Документи за антибългарския действия на сръбските и гръцките власти в Македония през 1912 - 1913 г.” (София, 1929) (Онлаjн издание)
Remove ads
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads