Озрен

From Wikipedia, the free encyclopedia

Озрен
Remove ads

Озренпланина на север на Босна и Херцеговина, во појасот на ниските планини. Сместена е меѓу реката Босна на запад и реката Спреча на север. На југ се протега покрај реката Криваја и се спојува со планината Коњух, додека источните падини се спуштаат на Модрачкото Езеро. Географските простор на Озрен е поделен меѓу ентитетите Република Српска и Федерацијата Босна и Херцеговина.[1]

Кратки факти Озрен, Највисока точка ...

Делот од планината кој се наоѓа во Република Српска се наоѓа на подрачјето на градот Добој и општината Петрово, а делот во федерацијата на подрачјето на општините Маглај, Завидовиќи, Лукавац и Грачаница (Тузлански Кантон)Грачаница.[1] Највисокиот врв се наоѓа во општината Петрово, во Република Српска.[2]

Remove ads

Име

Според легендата босанската кралица Катарина Косача Котроманиќ кога се качила на врвот на Озрен, одушевена од крајоликот, рекла: „Мили Боже, колку убави обазарја“. Така од зборот „обазарје“ која има исто значење како и озарен, се формирало името Озрен.[1]

Врвови

  • Највисокиот врв е Велика Остравица (918 м), општина Петрово.[2]
  • Кралица (883 м), општина Петрово.[2]
  • Мала Остравица (853 м), општина Петрово.[2]

Кралица

На врвот на Кралица се наоѓа споменик посветен на погинатите војници на Република Српска кои настрадале на 7 септември 1995 година за време на бомбардирањето на НАТО на Република Српска.[3][4]

Манастир Озрен

Планината Озрен е позната по манастирот на Српската православна црква посветен на Свети Никола, кој се нарекува и манастир Озрен.

Озренски маратон

Општината Петрово секоја година го организира Озренскиот планинарски маратон чиј медиумски покровител е Радио телевизија на Република Српска.[5]

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads