Окапи

From Wikipedia, the free encyclopedia

Окапи
Remove ads

Окапи (Okapia johnstoni) е цицач кој припаѓа на семејството Giraffidae. Ги населува прашумите во северниот дел на Демократска Република Конго. Познат е по своите црно-бели ишарани нозе, како и по тоа што е најблизок роднина на жирафата.

Кратки факти Окапи, Научна класификација ...

Пред 1900 година, окапито не било познато на западниот свет и научниците. Официјално како вид е признато во 1901 година.

Remove ads

Изглед

Окапи има темни влакна на грбот, со бели пруги кои се простираат долж предните и задните нозе. Овој склоп на бои се верува дека им помага на младенчињата во препознавањето на мајката во густите прашуми, а служи и како камуфлажа.

До своите рамења се високи од 1,5 до 2 метри, а долги од 1,9 до 2,5 метри. Должината на опашката изнесува 30 до 42 сантиметри. Тежината се движи од 200 до 250 килограми.

Remove ads

Историја

Окапито било познато животно на старите Египќани. Пронајдени се древни изрезбани слики во Египет на кои е претставен лик на окапи.

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads