Оклократија

From Wikipedia, the free encyclopedia

Оклократија
Remove ads

Оклократија (на старогрчки: οχλοκρατία од οχλος - толпа и кρατος - сила, власт) буквално значи власт на народот, но не треба да се меша со демократијата. Обично се смета за деформирана форма на демократијата. За оклократија е карактеристично дека народот често го менува својот изборот, под влијание на демагогијата. Оклократија е својствена за преодни и кризни периоди.

Thumb
Толпата го напаѓа Жозеф Франсуа Фулон, непопуларен француски политичар од 18-тиот век кој бил првата евидентирана личност линчувана на улична лампа. Убиството на Фулон е споменато во „Приказна за два града“ од Чарлс Дикенс.

Терминот е воведен од Аристотел, кој ја опишува Атина во време на Перикле како оклократија. Според него оклократијата е една од трите форми, изродени од демократијата. Понекогаш терминот се меша со "тиранијата на мнозинството", бидејќи се тесно поврзани. Не треба да се меша поимот "толпа" со претставата за "мнозинство". Друг историски пример за оклократија според истражувачи гледаат во Римското Царство во времето на војничките императори. Тогаш легионерите, односно легиите, произволно своите команданти ги бирале за императори.

Remove ads

Поврзано

Извори

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads