Олмец - Кулиште (Велгошти)

археолошко наоѓалиште во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Олмец - Кулиште археолошко наоѓалиште во охридското село Велгошти. Претставува утврдена населба од железно време. Југоисточно од селото и источно од манастирската црква „Св. Петка“ се издига висок рид кој е дел од Петринска Планина. На јужната, северната и западната страна се спушта кон Велгошко Поле. На зарамнетиот простор на врвот има остатоци од четвртеста кула-набљудувачница, со надворешни димензии од 10 × 10 м, од која се зачувани северниот и јужниот ѕид, широки во основата по 1 м. По површината на теренот се забележуваат фрагменти од керамички садови, питоси и грамади од градежен материјал[1].

Повеќе информации Основни податоци ...
Remove ads

Поврзано

Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads