Кале (Велгошти)
археолошко наоѓалиште во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Кале — археолошко наоѓалиште во охридското село Велгошти. Претставува тврдина од доцната антика и Среден век Тврдина од доцноантичкото време и средниот век. Се наоѓа на источниот крај на Петринско Поле, непосредно до патот Охрид-Велгошти-Ресен, на превојот на планината Петрино. Претставува висок доминантен рид со зарамнет врв на кој има остатоци од утврдување, со површина од 100 м (север-југ) и 30 м (исток-запад). Ѕидовите се широки 1,25 м, ѕидани од кршен камен и хидростатичен малтер. Надвор од бедемот има два широки рова на растојание од 10 до 15 м. Во внатрешноста на тврдината се забележуваат темели на ѕидови од повеќе објекти градени од камен и варов малтер, а во западниот крај има објект со ѕид зачуван 2 м во височина. Освен остатоци од архитектура, на површината има фрагменти од керамички садови, покривни ќерамиди, питоси и расфрлен градежен материјал. Се претпоставува дека на ова место била станицата Бруцида,подигната покрај патот Вија Егнација[1].
Remove ads
Поврзано
- Зад Кула — средновековна населба;
- Кале — тврдина од доцноантичкото време и средниот век;
- Котелица - Св. Никола — средновековна црква и некропола;
- На Лазој — некропола од римското време;
- Олмец - Кулиште — утврдена населба од железното време;
- Св. Димитрија — средновековна црква;
- Св. Илија — средновековна црква и некропола;
- Турски Гробишта — средновековна некропола;
- Чурила — средновековна некропола;
- Џамијата — средновековна црква;
- Велгошти;
- Список на археолошки наоѓалишта во Охридско [2];
- Список на средновековни некрополи во Македонија.
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads