Онега (езеро)

From Wikipedia, the free encyclopedia

Онега (езеро)map
Remove ads

Онега (руски: Оне́жское озеро, Онего, фински: Ääninen, Äänisjärvi) е езеро во европскиот дел на Русија. Површината на езерото изнесува 9.894 км2, неговата зафатнина изнесува 280 км3, просечната длабочина е 30 метри, а максималната длабочина е 120 м.[1][2] На езерото има 1.369 острови и нивната вкупна површина изнесув 250 км2. Езерото Онега е второ по големина езеро во Европа (веднаш по езерото Ладога) и е седумнаесетто на светот.[3]

Кратки факти Онега, Координати ...

Езерото е поврзано со Белото Море преку Беломорско-балтичкиот канал.

На островот Кижи, кое се наоѓа во северниот дел на езерото, се наоѓаат неколку дрвени цркви кои се дел од Светското наследство на УНЕСКО.

На езерото, доста е застаоено едрењето. Освен тоа езерото има големо економско значење заради развиениот риболов и транспорт.

Водата од езерото Онега се користи за погон на големата хидроелектрана Свистроја.

Remove ads

Реки

Во езерото се влеваат 58 реки, а главни се:

  • Шуја (Шуя)
  • Суна
  • Водла
  • Мегра
  • Вјатегра (Вытегра)
  • Андома

Од езерото истекува реката Свир која го поврзува со езерото Ладога, а преку него со езерото Нева, Ленинград и Финскиот Залив.

Градови

Петрозаводск е главен град на Републиката Карелија, која се наоѓа на западниот брег на езерото Онега. Карелија го покружува езерото од запад, север и исток, а од јужниот дел езерото припаѓа на Ленинградската област и Волоградската област.

Освен него на езерото се наоѓаат и градовите:

  • Кондопога
  • Медвежјегорск (Медвежьегорск)
  • Повенец

Поврзано

Наводи

Галерија

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads