Опсада на Азола (Тинторето)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Опсада на Азола ― слика на италијанскиот мајстор од доцната ренесанса, Тинторето, насликана во 1544–1545 година. Се наоѓа во приватна збирка.[1]
Платното прикажува две сцени. Од лево кон средината е, во преден план, судир на витези случен за време на опсадата на венецискиот град Азола од страна на војските на австрискиот император Максимилијан I во 1516 година. Меѓу војниците кои се судриле е и знамето на Азола, а во позадина е прикажана самата тврдина.
На десната страна е прикажан во знак на почит на граѓаните на Азола на венецискиот provveditore (куратор) Франческо Контарини, благородникот кој ја организирал одбраната на градот и ги принудил војските на Максимилијан да се повлечат.
Remove ads
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads