Општина Језерско

општина во Словенија From Wikipedia, the free encyclopedia

Општина Језерско
Remove ads

Општина Језерско (словенечки: Občina Jezersko) — општина во северна Словенија. Сместено е во историската област Корушка, но административно се води Горењскиот регион. Седиште е селото Згорње Језерско. Во 1995 г. Језерско влегло во состав на Општина Преддвор, а во 1998 г. станало самостојна општина.[2]

Кратки факти Општина Језерско Občina Jezersko, Земја ...
Thumb
Вештачкото Планшарско Езеро.
Thumb
Широк поглед на Згорње Језерско.

Језерско е сместено во зафрлена долина на реката Кокра на Камничко-савињските Алпи, јужно од превојот Језерски Врх на границата со австриската сојузна покраина Корушка, поточно со округот Фелкермаркт (Великовец).

Remove ads

Населени места

Покрај општинското седиште Згорње Језерско, општината ги опфаќа и следните населени места:

Историја

Подрачјето го носи своето име според ледничкото езеро близу селото Згорње Језерско кое почнало да се губи по земјотресот од 1348 г. Сепак, во 1689 г. Јанез Вајкард Валвазор го опишува како сè уште големо езеро.[2] Според тоа, на местото му е дадено германското име Зеланд (Seeland) (првпат посведочено како Seelant во 1496 г.), а словенечкиот истоветник „Језерско“ влегол во употреба кон крајот на XIX век. Сепак, поимот во словенечкиот е доста постар, што се гледа од документ од 1391 г. во кој се спомнува црква „Св. Озвалд кај Езерото“ (Sv. Ožbolt pri Jezeru).

Сè до 1919 г. зафрленото село било во состав на Војводството Корушка како административен дел од Ајзенкапел (Железна Капла) на север; сепак, мештаните не се сметале за „вистински“ корушци.[3] Затоа, тоа било единственото населено место кое Корушкото собрание му го отстапило на Кралството СХС, пред да биде споено заедно со долината на Межа и Дравоград согласно Договорот од Сен Жермен од 1919 г.

Remove ads

Стопанство

Земјоделство

Мештаните претежно се занимаваат со туристичко угостителство, сточарство и шумарство. Сточарството се одвива во големи размери, како на поединечни фарми, така и од големи претпријатија. Одовде потекнува автохтоната језерско-солчавска овца. Секоја година во средината на август се одржува овчарскиот празник наречен „Овчи бал“.

Туризам

Језерско има долга туристичка традиција. Тука се наоѓа хотелот „Планика“[4] како и пансиони на поединечни фарми.[5] Селото нуди исклучителен поглед на околните планини, и одовде поажѓаат планинарските патеки до Гринтовец, Кочна и Велики Врх. Добро познати се планинарските домови „Крањска коча на Лединах“ и „Чешка коча на Сподњих Равнех“.[6] Планшарското Езеро во Згорње Језерско е вештачко, изградено по Втората светска војна. Зимно време постои можност за скијање.

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads