Ајзенкапел-Фелах

паланка и општинс во Корушка, Австрија From Wikipedia, the free encyclopedia

Ајзенкапел-Фелахmap
Remove ads

Ајзенкапел-Фелах (германски: Eisenkappel-Vellach) или Железна Капла-Бела (словенечки: Železna Kapla-Bela) — паланка и општина во округот Фелкермаркт (Великовец) на сојузната покраина Корушка, Австрија. Ова бањско и трговишно место е најјужната општина во Австрија, близу границата со Словенија. Тука живеат значитрелен број Словенци, застапени со своја партија наречена „Единствен список“ (Enotna lista).

Кратки факти Ајзенкапел-Фелах Eisenkappel-VellachŽelezna Kapla - Bela, Земја ...
Remove ads

Географија

Општината ја зафаќа долината на потокот Фелах (Бела), која се протега во правец север-југ од високите делови на Камничко-савињските Алпи и Караванките до реката Драва. Масивот Обир има голем пештерски систем со сталактити. Во словенија водат два планински превоја: Језерско Седло (Зебергзател) на југозапад кој води до Језерско и помалку прометното Павличево Седло на југоисток кој оди до Солчава.

Општината се состои од малото гратче Бад Ајзенкапел (Железна Капла) и извесен број села во страничните долини,[3][4][5] поделени на катастарските општини Бад Фелах (Бела), Блазницен (Сподња Плазница), Ебријах (Обирско), Ајзенкапел (Железна Капла), Копрајн Пецен (Под Пецо), Копрајн Зонзајте (Копривна), Лепен (Лепена), Лобниг (Лобник), Рехберг (Реберца), Ремшениг (Ремшеник) и Трегерн (Корте).

Remove ads

Населени места

Ајзенкапел-Фелах како оштина има 14 населени места. Според пописот од 2001 г. 38 % од жителите на општината биле Корушки Словенци, со следнава распределба:

Повеќе информации Име, Германски ...
Remove ads

Историја

Thumb
Грофовскиот дворец Хагнег.

Почнувајќи од 15 г. по превојот Језерско Седло веќе минувал римски пат во провинцијата Норик. Во 1050 г. се споменува населбата Капела (Capella) во Војводството Корушка, наречена по капела на Бриксенкската епископија. Пазариштето на ова место почнало некаде на почетокот на XIII век под власта на војводата Бернард Шпанхајмски. Селото го добило правото на трговиште со документот од 1267/68 г., кога превојот станал важен трговски пат за превезување на сол и железна руда. Од XV век натаму овде работеле неколку железарници. Изградени се утврдувања за одбрана против Османлиите, но и покрај тоа Капел е опустошен во 1473 г. Царот Фридрих III ја обновил паланката и во 1493 г ѝ го доделил денешниот грб.

Општината Капел е основана во 1850 г. и во 1890 г. е преименувана во Ајзенкапел, кога железарството веќе било во опаѓање. Мештаните почнале да се занимаваат со шумарство и угостителство околу лековитите бањи, што почнало да се развива со пуштањето на теснолинејката во Белската Долина (Vellachtalbahn) во 1902 г. Ајзенкапел и Фелах конечно се соединиле во 1939 г. Во подоцнежниот дел на Втората светска војна зафрлениот чифлиг Першман кај Копрајн Пецен станал упориште на словенечките партизани — единствениот случај на антифашистички отпор во цела Австрија. На 25 април 1945 г. единици на СС ја нападнале куќата, убивајќи ги нејзините жители.

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads