Општина Бешиште
поранешна општина во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Месен народен одбор Бешиште ― поранешна општина во Македонија, која постоела во периодот 1945-1952 година.
Remove ads
Историја
Месниот народен одбор Бешиште бил основан во 1945 година. Тој бил дел од Мариовската Околија, Битолски Округ, и негови составни населени места биле Бешиште, Манастир и Полчиште.[1] Во 1947 година, според новата административна поделба, Месниот народен одбор Бешиште останал територијално непроменет. МНО Бешиште тогаш припаѓал во Прилепската Околија.[2] Во 1950 година, според новата административна поделба, Месниот народен одбор Бешиште не претрпел територијални промени.[3] Согласно административната поделба од 1952 година, МНО Бешиште бил укинат на сметка на проширената Општина Витолиште.[4]
Remove ads
Население
Според пописот од 1948 година, Месен народен одбор Бешиште имал 2,067 жители, односно вкупното население на Бешиште, Манастир и Полчиште. Од таа бројка, 2,062 биле Македонци, 3 биле Срби, додека 2 биле Црногорци.[5]
Поврзано
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads