Општина Витолиште

поранешна општина во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Општина Витолиште, именувана и како Месен народен одбор Витолиште ― поранешна општина во Македонија, која постоела во периодот 1913-1915, меѓувоениот период и 1945-1955, и 1996-2005 година. Седиште на општината било селото Витолиште.[1]

Кратки факти
Remove ads

Историја

1913-1915

Општина Витолиште за прв пат била основана во 1913 година, за време на Кралството Србија. Населени места во општината биле Витолиште, Врпско, Живово, Манастир и Полчиште. Општината била дел од Прилепскиот Срез, Битолски Округ.[2]

Кралство СХС/Југославија

За време на новата држава Кралство СХС (подоцна под името Кралство Југославија), Општина Витолиште продолжила да постои во рамки на Прилепскиот Срез, и почнувајќи од 1929 година, во Вардарската Бановина. Таа се состоела од населените места: Витолиште, Врпско, Живово, Манастир, Мелница и Полчиште.[3][4][5]

1945-1955

Месниот народен одбор Витолиште бил основан во 1945 година. Тој бил дел од Мариовската Околија, Битолски Округ, и негови составни населени места биле Витолиште, Врпско и Живово.[6] Во 1947 година, според новата административна поделба, Месниот народен одбор Витолиште не претрпел територијални промени. МНО Витолиште тогаш припаѓал во Прилепската Околија.[7] Во 1950 година, според новата административна поделба, Месниот народен одбор Витолиште останал територијално непроменет.[8] Согласно административната поделба од 1952 година, сега со називот, Општина Витолиште била проширена на сметка на соседниот и укинат МНО Бешиште со селата Бешиште, Манастир и Полчиште.[9] Согласно административната поделба од 1955 година, Општина Витолиште била укината и нејзината општинска територија припаднала на новата Општина Мариово.[10]

1996-2004

Согласно општинската поделба од 1996 година, Општина Витолиште била обновена на сметка на намалената Општина Прилеп. Нејзини населени места биле Бешиште, Вепрчани, Витолиште, Врпско, Гуѓаково, Дуње, Живово, Кален, Кокре, Крушевица, Манастир, Пештани, Полчиште и Чаниште.[11] Според административната поделба од 2004 година, Општина Витолиште била повторно укината на сметка на проширената Општина Прилеп.[12]

Remove ads

Население

Според пописот од 1913 година, Општина Витолиште имала 1,961 жител, односно вкупното население на Витолиште, Врпско, Живово, Манастир и Полчиште.[2]

Според пописот од 1921 година, Општина Витолиште имала 1,750 жители. Според верската припадност, сите биле православни. Според јазичната припадност, сите биле Срби/Хрвати.[13][б 1]

Според пописот од 1931 година, Општина Витолиште имала 2,079 жители, од кои 1,099 биле мажи, а 980 биле жени. Општината се состоела од 391 куќа и 389 домаќинства.[14]

Според пописот од 1948 година, Месен народен одбор Витолиште имал 1,440 жители, односно вкупното население на Витолиште, Врпско и Живово. Од таа бројка, 1,438 биле Македонци, додека 2 биле Срби.[15]

Според пописот од 1953 година, Општина Витолиште имала 4,007 жители, односно вкупното население на Бешиште, Витолиште, Врпско и Живово, Манастир и Полчиште.

Следува табела според народностите во пописот од 1953 година:[16][17]

Народност Вкупно
Македонци 3,983
Срби 12
Турци 5
Албанци 1
Роми 1
Црногорци 2
Останати Словени 1
Останати несловени 2

Според пописот од 2002 година, Општина Витолиште имала 454 жители, односно вкупното население на Бешиште, Вепрчани, Витолиште, Врпско, Гуѓаково, Дуње, Живово, Кален, Кокре, Крушевица, Манастир, Пештани, Полчиште и Чаниште. Општината имала 1,728 мажи и 1,698 жени кои живееле во 238 домаќинства и 825 станови.

Следува табела според народностите во пописот од 2002 година:[18]

Народност Вкупно
Македонци 491
Срби 2
Останати 1
Remove ads

Поврзано

Забелешки

  1. Македонскиот јазик и македонскиот народ биле третирани за српски, согласно според српскиот/кралскојугословенскиот државен апарат.

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads