Општина Вепрчани

поранешна општина во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Месен народен одбор Вепрчани ― поранешна општина во Македонија, која постоела во периодот 1945-1950 година.

Кратки факти
Remove ads

Историја

Месниот народен одбор Вепрчани бил основан во 1945 година. Тој бил дел од Мариовската Околија, Битолски Округ, и негови составни населени места биле Вепрчани и Гуѓаково.[1] Во 1947 година, според новата административна поделба, Месниот народен одбор Вепрчани не претрпел територијални промени. МНО Вепрчани тогаш припаѓал во Прилепската Околија.[2] Во 1950 година, според новата административна поделба, Месниот народен одбор Вепрчани бил укинат на сметка на соседниот и проширен МНО Дуње кој го добил селото Вепрчани, додека проширениот МНО Царевиќ го добил Гуѓаково.[3]

Remove ads

Население

Според пописот од 1948 година, Месен народен одбор Вепрчани имал 510 жители, односно вкупното население на Вепрчани и Гуѓаково. Од таа бројка, сите биле Македонци.[4]

Поврзано

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads