Општина Дуње
поранешна општина во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Општина Дуње, именувана и како Месен народен одбор Дуње ― поранешна општина во Македонија, која постоела во периодот 1913-1941 и 1945-1955 година.
Remove ads
Историја
1913-1915
Општина Дуње за прв пат била основана во 1913 година, за време на Кралството Србија. Населени места во општината биле Вепрчани, Гуѓаково, Дуње, Кален, Кокре, Крушевица, Пештани, Писокал и Чаниште. Општината била дел од Прилепскиот Срез, Битолски Округ.[1]
1915-1918
Општина Дуње продолжила да постои за време на Царството Бугарија, односно окупацијата во Првата светска војна. Општината територијално останала иста и била дел од Прилепската Околија, Битолски Округ.[2]
Кралство СХС/Југославија
За време на новата држава Кралство СХС (подоцна под името Кралство Југославија), Општина Дуње продолжила да постои во рамки на Прилепскиот Срез, и почнувајќи од 1929 година, во Вардарската Бановина. Таа се состоела од населените места: Вепрчани, Гуѓаково, Дуње, Кален, Кокре, Крушевица, Пештани и Чаниште.[3][4][5]
1945-1955
Месниот народен одбор Дуње бил основан во 1945 година. Тој бил дел од Мариовската Околија, Битолски Округ, и негово составно населено место било селото Дуње.[6] Во 1947 година, според новата административна поделба, Месниот народен одбор Дуње не претрпел територијални промени. МНО Дуње тогаш припаѓал во Прилепската Околија.[7] Во 1950 година, според новата административна поделба, Месниот народен одбор Дуње бил проширен на сметка на соседниот и укинат МНО Кален со неговите села Кален, Кокре и Пештани, како и укинатиот МНО Вепрчани со селото Вепрчани.[8] Согласно административната поделба од 1952 година, сега со називот, Општина Дуње била проширена на сметка на соседниот и укинат МНО Крушевица со селата Крушевица и Чаниште, како и на укинатиот МНО Царевиќ со селото Гуѓаково.[9] Согласно административната поделба од 1955 година, Општина Дуње била укината и нејзината општинска територија припаднала на новата Општина Мариово.[10]
Remove ads
Население
Според пописот од 1913 година, Општина Дуње имала 3,231 жител, односно вкупното население на Вепрчани, Гуѓаково, Дуње, Кален, Кокре, Крушевица, Пештани, Писокал и Чаниште.[1]
Според пописот од 1921 година, Општина Дуње имала 2,227 жители. Според верската припадност, сите биле православни. Според јазичната припадност, сите биле Срби/Хрвати.[11][б 1]
Според пописот од 1931 година, Општина Дуње имала 2,504 жители, од кои 1,331 биле мажи, а 1,173 биле жени. Општината се состоела од 505 куќи и 504 домаќинства.[12]
Според пописот од 1948 година, Месен народен одбор Дуње имал 594 жители, односно вкупното население на Дуње. Од таа бројка, 583 биле Македонци, 9 биле Роми, 1 бил неопреден муслиман, додека 1 бил Русин.[13]
Според пописот од 1953 година, Општина Дуње имала 3,217 жители, односно вкупното население на Вепрчани, Гуѓаково, Дуње, Кален, Кокре, Крушевица, Пештани и Чаниште.
Следува табела според народностите во пописот од 1953 година:[14][15]
| Народност | Вкупно | 
| Македонци | 3,211 | 
| Срби | 2 | 
| Турци | 1 | 
| Црногорци | 1 | 
| Останати Словени | 1 | 
Remove ads
Поврзано
Забелешки
- Македонскиот јазик и македонскиот народ биле третирани за српски, согласно според српскиот/кралскојугословенскиот државен апарат.
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads
