Општина Никуљане
поранешна општина во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Месен народен одбор Никуљане ― поранешна општина во Македонија, која постоела во периодот 1945-1950 година.
Remove ads
Историја
Месниот народен одбор Никуљане бил основан во 1945 година. Тој бил дел од Козјачката Околија, Скопски Округ, и негови составни населени места биле Никуљане и Сушево.[1] Во 1947 година, според новата административна поделба, Месниот народен одбор Никуљане не претрпел територијални промени. МНО Никуљане тогаш припаѓал во Кумановската Околија.[2] Во 1950 година, според новата административна поделба, Месниот народен одбор Никуљане бил укинат на сметка на соседниот и проширен МНО Четирце.[3]
Remove ads
Население
Според пописот од 1948 година, Месен народен одбор Никуљане имал 1,170 жители, односно вкупното население на Никуљане и Сушево. Од таа бројка, 77 биле Македонци, додека 1,093 биле Срби.[4]
Поврзано
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads