Општина Старо Нагоричане
општина во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Општина Старо Нагоричане — општина во северниот дел на Македонија. Седиште на општината е селото Старо Нагоричане. Општина Старо Нагоричане била возобновена во 1996 година, во неа припаѓаат 39 населени места. Градоначалник е Жаклина Јовановска. Претходно, територијата на денешната Општина Старо Нагоричане, била во рамките на Општина Куманово.
Remove ads
Географија

Општина Старо Нагоричане се наоѓа во североисточниот регион во Република Македонија. Во општина Старо Нагоричане се наоѓаат селата: Алгуња, Аљинце, Арбанашко, Бајловце, Брешко, Буковљане, Војник, Враготурце, Врачевце, Дејловце, Длабочица, Добрача, Драгоманце, Дренок, Жегљане, Жељувино, Канарево, Карловце, Коинце, Кокино, М’гленце, Макреш, Малотино, Младо Нагоричане, Никуљане, Облавце, Орах, Осиче, Пелинце, Пузајка, Рамно, Руѓинце, Старо Нагоричане, Степанце, Стрезовце, Стрновац, Цветишница, Цвиланце и Челопек (Кумановско).
Селото Младо Нагоричане според атарот кој го зафаќа е најголемо село во Македонија.
Планината Козјак (планина) е средновисока планина во североисточниот дел на Македонија, долж границата со Република Србија и опфаќа голем дел од територијата на Општината Старо Нагоричане. Највисок врв на планината е Перен со 1326 метри надморска висина. [2]
Најголема река која тече низ Општина Старо Нагоричане е Пчиња, а нејзина најголема притока е реката Петрошница.
Во атарот на село Орах, се наоѓа Мокро Езеро кое е природно езеро од вулканско-денудациско потекло, помеѓу народот познато и како Карпинско Езеро.
Remove ads
Историја
1913-1915
Општина Старо Нагоричане за прв пат била основана во 1913 година, за време на Кралството Србија. Населени места во општината биле Старо Нагоричане, Стрновац и Челопек. Општината била дел од Жеглиговскиот Срез, Кумановски Округ.[3]
Кралство СХС/Југославија
За време на новата држава Кралство СХС (подоцна под името Кралство Југославија), Општина Старо Нагоричане продолжила да постои во рамки на Жеглиговскиот Срез, и почнувајќи од 1929 година, во Вардарската Бановина. Таа се состоела од населените места: Старо Нагоричане, Стрновац и Челопек.[4][5]
1945-1965
Месниот народен одбор Старо Нагоричане бил основан во 1945 година. Тој бил дел од Козјачката Околија, Скопски Округ, и негово составно населено место било селото Старо Нагоричане.[6] Во 1947 година, според новата административна поделба, Месниот народен одбор Старо Нагоричане не претрпел територијално промени. Истовремено, МНО Старо Нагоричане припаднал под проширената Кумановска Околија.[7] Во 1950 година, според новата административна поделба, Месниот народен одбор Старо Нагоричане останал територијално непроменет.[8] Согласно административната поделба од 1952 година, сега со називот, Општина Старо Нагоричане била проширена на сметка на соседниот и укинат МНО Челопек со селата Алгуња и Челопек, на сметка на укинатиот МНО Четирце со селото Никуљане, како и на сметка на укинатиот МНО Драгоманце со селото Стрновац.[9] Согласно административната поделба од 1955 година, Општина Старо Нагоричане била проширена на сметка на укинатата Општина Бајловце со нејзините села Аљинце, Бајловце, Брешко, Добрача, Жељувино и Цвиланце. Тогаш, Општина Старо Нагоричане била проширена и со територијата на укинатата Општина Арбанашко со нејзините населени места Арбанашко, Буковљане, Дејловце, Длабочица, Осиче, Рамно и Цветишница. Истовремено, Општина Старо Нагоричане била проширена на сметка на укинатата Општина Жегљане со нејзините села Враготурце, Врачевце, Драгоманце, Жегљане, Карловце, Коинце, Кокино, Малотино, М’гленце, Пелинце, Пузајка и Степанце, како и на сметка на укинатата Општина Облавце со селата Канарево и Макреш.[10] Според Законот за подрачјата на општините од 1965 година, Општина Старо Нагоричане била укината и нејзината територија била припоена кон Општина Куманово.[11]
1996-до денес
Согласно општинската поделба од 1996 година, Општина Старo Нагоричане била обновена на сметка на намалената Општина Куманово. Нејзини населени места биле Алгуња, Аљинце, Арбанашко, Бајловце, Брешко, Буковљане, Враготурце, Врачевце, Дејловце, Длабочица, Добрача, Драгоманце, Жегљане, Жељувино, Канарево, Карловце, Коинце, Кокино, Макреш, Малотино, М’гленце, Младо Нагоричане, Никуљане, Осиче, Пелинце, Пузајка, Рамно, Старо Нагоричане, Степанце, Стрновац, Цветишница, Цвиланце и Челопек.[12] Самото седиште станала истата општинска зграда во којашто функционирала општината до 1965 година.[13] Според административната поделба од 2004 година, Општина Старо Нагоричане била проширена на сметка на соседната и укината Општина Клечевце со селата Војник, Дренок, Облавце, Орах, Руѓинце и Стрезовце.[14]
Археологија
Во општината постојат 43 археолошки наоѓалишта, 14 некрополи, 6 архелошки објекти и 2 осамени наоди. Археолошките наоѓалишта потекнуваат од следните хронолошки периоди: неолит, бакарно време, брозено време, железно време, рана антика, римски период, доцна антика и среден век.
Remove ads
Стопанство
Населението во Општината Старо Нагоричане најчесто се занимава со земјоделие.
Фармерите кои егзистираат на ова територија најчесто имаат посеви со житни култури како што се пченица, јачмен, овес, пченка и рж.
Од сточарството најзастапено е одгледувањето на свињи, крави, овци и кози. Во минатото имало неколку живинарски фарми на кои се одгледувале кокошки и ноеви.
Застапено е и одгледување на винска лоза.
Население
Според пописот од 1913 година, Општина Старо Нагоричане имала 1,974 жители, односно вкупното население на Старо Нагоричане, Стрновац и Челопек.[3]
Според пописот од 1921 година, Општина Старо Нагоричане имала 1,921 жители. Според верската припадност, 1,878 биле православни, додека 43 биле муслимани. Според јазичната припадност, 1,878 биле Срби/Хрвати, 3 биле Албанци, 1 бил Турчин, додека 39 лица биле запишани во графата „останати и непознато“.[15][б 1]
Според пописот од 1931 година, Општина Старо Нагоричане имала 2,133 жители, од кои 1,060 биле мажи, а 1,073 биле жени. Општината се состоела од 345 куќи и 321 домаќинство.[16]
Според пописот од 1948 година, Месен народен одбор Старо Нагоричане имал 1,469 жители, односно вкупното население на Старо Нагоричане. Од таа бројка, 272 биле Македонци, 1,196 биле Срби, додека 1 бил Русин.[17]
Според пописот од 1953 година, Општина Старо Нагоричане имала 4,447 жители, односно вкупното население на Алгуња, Никуљане, Старо Нагоричане, Стрновац и Челопек.
Следува табела според народностите во пописот од 1953 година:[18][19]
Народност | Вкупно |
Македонци | 976 |
Срби | 3,334 |
Турци | 7 |
Роми | 128 |
Неопределени Југословени | 2 |
Според пописот од 1961 година, Општина Старо Нагоричане имала 12,011 жители, односно вкупното население на Алгуња, Аљинце, Арбанашко, Бајловце, Брешко, Буковљане, Враготурце, Врачевце, Дејловце, Длабочица, Добрача, Драгоманце, Жегљане, Жељувино, Канарево, Карловце, Коинце, Кокино, Макреш, Малотино, М’гленце, Никуљане, Осиче, Пелинце, Пузајка, Рамно, Старо Нагоричане, Степанце, Стрновац, Цвиланце, Цветишница и Челопек.
Следува табела според народностите во пописот од 1961 година:[20]
Народност | Вкупно |
Македонци | 8,772 |
Срби | 3,221 |
Албанци | 1 |
Црногорци | 1 |
Останати | 16 |

Според пописот од 2002 година, Општина Старо Нагоричане имала 4,258 жители, односно вкупното население на Алгуња, Аљинце, Арбанашко, Бајловце, Брешко, Буковљане, Враготурце, Врачевце, Дејловце, Длабочица, Добрача, Драгоманце, Жегљане, Жељувино, Канарево, Карловце, Коинце, Кокино, Макреш, Малотино, М’гленце, Младо Нагоричане, Никуљане, Осиче, Пелинце, Пузајка, Рамно, Старо Нагоричане, Степанце, Стрновац, Цвиланце, Цветишница и Челопек. Општината имала 1,728 мажи и 1,698 жени кои живееле во 1,462 домаќинства и 2,976 станови.
Следува табела според народностите во пописот од 2002 година:[21]
Народност | Вкупно |
Македонци | 3,331 |
Срби | 920 |
Албанци | 1 |
Роми | 1 |
Останати | 65 |
Според пописот од 2021 година, Општина Старо Нагоричане имала 3,501 жители, односно вкупното население на Алгуња, Аљинце, Арбанашко, Бајловце, Брешко, Буковљане, Војник, Враготурце, Врачевце, Дејловце, Длабочица, Добрача, Драгоманце, Дренок, Жегљане, Жељувино, Канарево, Карловце, Коинце, Кокино, Макреш, Малотино, М’гленце, Младо Нагоричане, Никуљане, Облавце, Орах, Осиче, Пелинце, Пузајка, Рамно, Руѓинце, Старо Нагоричане, Степанце, Стрезовце, Стрновац, Цвиланце, Цветишница и Челопек. Општината имала 1,902 мажи и 1,599 жени кои живееле во 1,346 домаќинства и 3,572 станови. Бројката на населението во Општина Старо Нагоричане била намалена за 27.6%, во однос на претходниот попис.
Следува табела според народностите во пописот од 2021 година:[22]
Народност | Вкупно |
Македонци | 2,513' |
Срби | 585 |
Албанци | 13 |
Роми | 3 |
Други неспомнати | 9 |
Лица кои податоците се превземени од административни извори | 378 |
Remove ads
Општествени установи
На територијата на Општината Старо Нагоричане функционираат 3 општински основни училишта и 1 градинка:
- ОУ „Христијан Тодоровски-Карпош“ - Младо Нагоричане
- ОУ „Светозар Марковиќ“ - Старо Нагоричане
- ОУ „Христијан Тодоровски-Карпош“ - Драгоманце
- ЈУДГ „Ангел Шајче“ - објект „Изворче“ - Младо Нагоричане [23]
Самоуправа и политика
Градоначалник на Oпштина Старо Нагоричане е Жаклина Јовановска од редовите на СДСМ. Таа била повторно избрана на Месните избори во 2021 година, за нов мандат од четири години.[24] Советот на Општина Старо Нагоричане е составен од 9 члена. Според последните локални избори од 2021 година, членовите на советот според политичката припадност за мандатот 2021-2025 се:

СДСМ: 5 места
ТМРО: 2 места
Независни: 1 место
ДПСМ: 1 места
Претходни градоначалници:
- Милован Трајковиќ (1996-2000)
- Власте Димковиќ (2000-2009)
- Миодраг Јовановиќ (2009-2013)
- Милован Стојковски (2013-2017)
Remove ads
Културни и природни знаменитости
Во рамките на општината се наоѓаат следниве знаменитости:
- Зебрњак
- Костоперска карпа
- Црква „Св. Ѓорѓи Победоносец“ - Младо Нагоричане
- Црква „Св. Петка“ - Младо Нагоричане
- Црква „Св. Ѓорѓи“ - Старо Нагоричане
- Испосница на Свети Прохор Пчински
- Геотермална бања Стрновац
- Манастирска Црква Света Богородица во Забел
- Меморијален Центар АСНОМ
- Светиот даб
- Кокино
- Карпино
- Сув орах
Личности
- Карпош - водач на Карпошовото востание и легендарен македонски ајдутски војвода
- Станко Младеновски - македонски политичар
- Роса Пауновска - македонски изведувач на народни песни
- Тимотеј Дебарско-кичевски - митрополит на Дебарско-кичевската епархија
- Тоде Илиќ - градоначалник на Општина Куманово
- Марјан Димитријевски - македонски историчар
- Горазд Европски - архијереј на Македонска православна црква - Охридска архиепископија
Remove ads
Забелешки
- Македонскиот јазик и македонскиот народ биле третирани за српски, согласно според српскиот/кралскојугословенскиот државен апарат.
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads