Орангутан

род цицачи From Wikipedia, the free encyclopedia

Орангутан
Remove ads

Орангутан (науч. Pongo) — род од три големи човеколики мајмуни познат по својата интелигенција, долги раце и црвено-кафеава боја на крзното. Потекнуваат од Индонезија и Малезија. Тие се единствениот преживеани видови од родот и подродот Ponginae. Третиот вид, наречен тапанулски орангутан (P. tapanuliensis) е утврден во ноември 2017 г.[1][2][3]

Орангутан

Еукариоти

Кратки факти Орангутан, Научна класификација [ у ] ...
Remove ads

Име

Името орангутан доаѓа од зборови од индонезискиот и малезискиот јазик, каде orang значи „човек“, а hutan значи „шума“, па така orang hutan е „шумски човек“. Зборот првпат е посведочен на англиски во 1691 г., во обликот Orang-Outang. Името на родот Pongo доаѓа од 16 век од страна на англискиот морнар Андруа Батела кои опишува две човеколики битија како Pongo и Engeco на место кај реката Конго. Денес се верува дека тој ги опишувал горилите, додека во 18 век верувале дека сите големи мајмуни се орангутаните.

Remove ads

Одлики

Орангутаните највеќе од времето го трошат на дрво од сите останати големи мајмуни. Секоја вечер прават гнездо од листови и гранки во кое ќе спијат. Помалку се друштвени од другите мајмуни, а мажјаците и женките се состануваат само кога се парат. Мајките со малечките остануваат додека малечките не наполнат 6 до 7 години. Женките се високи до 1,3 метри и тежат околу 45 кг. додека зрелите мажјаци се високи околу 1,8 метри и тежат околу 118 кг. мажјаците имаат поголеми дланки за разлика од женките.

Remove ads

Статус

Борнејскиот орангутан е крајно загрозен, додека суматранскиот орангутан е критично загрозен, но најзагрозен веројатно е тапанулскиот. Населението на борнејскиот орангутан е 50.000 единки, а суматранскиот од 7.000 до 7.500 единки. Во последниве десет и повеќе години, уништувањето на живеалиштата на орангутаните со сечење на дрвјата, пожар и др. се намалил бројот на живи орангутани. Поединци научници веруваат дека во 2012 година ќе ги снема орангутаните бидејќи се најзагрозените животни. Некои ловџии ги убиваат мајките орангутани за да им ги земат малите орангутанчиња и да ги користат како милениче.

Занимливости

  • За орангутаните пишувал и римскиот писател Плиније. Тој ги опишува орангутаните како злобни животни кои некогаш одат на четити нозе некогаш на две нозе. Од што се многу брзи, Плиније тврдел дека орангутаните можат да се фатат само кога се болни и кога се стари
  • Кога орангутаните ќе ги рашират рацете, од врвот на едната рака до врвот на другата рака има повеќе од 2 метри.

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads