Орашачки даб

споменик на природата во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Орашачки даб
Remove ads

Орашачки дабдаб од видот на благуни (науч. Quercus pubescens Wild-Lanunginosa thuill) којшто се наоѓа во дворот на црквата „Св. Илија“ во кумановското село Орашац.

Кратки факти Орашачки даб, Место ...

Со закон е заштитен како споменик на природата од 1967 година.[1][2]

Remove ads

Местоположба

Дабот се наоѓа надвор од селото Орашац, но во неговиот атар. Тој е веднаш во непосредна близина на селската црква „Св. Илија“ и до него се стигнува преку земјен пат, кој се исклучува од регионалниот пат Куманово-Свети Николе, така што наместо десно по асфалтниот пат за селото Орашац, ќе се исклучите лево.

Природни особености и околина

Стеблото е високо преку 20 метри, со преку обем од 6 метри, и распон на гранки од преку 20 метри.

Подрачјето каде се наоѓа овој даб, заедно со други дабови, се наоѓа на надморска височина од 325 метри, на површина од 0,1 километар квадратен и е заштитено уште од 1967 година. Припаѓа на континенталниот биогеографски регион. Дабовото стебло се одликува со значајни хабитатни карактеристики и добра физиолошка состојба.[3]

Remove ads

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads