Органџи (Драмско)

село во Драмско, Егејска Макеоднија From Wikipedia, the free encyclopedia

Органџи (Драмско)
Remove ads

Органџи (грчки: Κύργια, Кирија)[2] — село во Општина Доксат во Драмски округ, Егејска Македонија, денес во областа Источна Македонија и Тракија, Грција.

Кратки факти Органџи Κύργια, Земја ...
Remove ads

Географија и местоположба

Селото се наоѓа на 16 километри јужно од градот Драма и на 8 километри источно од Доксат.

Селото се наоѓа на надморска височина од 125 метри.

Историја

Селото во текот на XIX век се наоѓало во Драмската каза во составот на Отоманското Царство.

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година биле евидентирани 508 жители[3].

Според Лозанскиот договор потпишан помеѓу Турција и Грција, во селото било населено грчко население од Турција, додека муслиманското население ги напуштило своите домови. Така, во 1928 г. во Органџи се заведени 775 жители. Во 1940 г. населението се накачило на 2.589 жители поради спојувањето на селото Химитли, кое станало негово маало.

Во 1953 година, селото било преименувано во Кирија[4].

Remove ads

Население

Во 1928 година во селото биле сместени 133 грчки семејства со 565 лица[5]. Во 1928 година, бројот на населението бил 775 лица, додека во 1940 година селото броело 2589 жители.

Селото според пописот од 1951 година броело 1891 жител, на пописот од 1961 година во селото живееле 2163 жители, во 1971 година имало 1521 жител, во 1981 година имало 1640 жители, додека во 1991 година имало 2002 жители[6]. Денеска, населението на селото е 1958 жители според пописот од 2011 година.

Преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Поврзано

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads