Оргули
дувачки инструмент што произведува звук со спроведување на воздух под притисок низ цевки From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Оргулите (грчки: οργανον, латински: organum) се најголемите и најсложените музички инструменти и нивното потекло е од најстарите времиња.

Тие се аерофон инструмент составен од еднотонски свиралки, кои даваат звук со помош на воздух од мев, а се огласуваат со помош на клавијатура. Тонскиот распон им е гледајќи ја клавијатурата од C до, главно g3. Но, поради разновидноста на регистрите реалниот звучен распон е значително поголем: од 2C дури до g6, што исто така не е фиксирано. Тоа зависи од секој инструмент посебно.
Оргулите произведуваат широк спектар на звучни бои. Тој зависи од регистрите кои се наоѓаат на нив. Еден регистар содржи низа свиралки со иста боја и јачина. Бројот ма свиралки на еден регистар е еднаков на бројот на клавишот на мануалот. Регистрите можат да бидат тивки, темни, јасни, продорни, остри... Нив свирачот ги вклучува и спојува за да го добие посакуваниот звук.
Remove ads
Делови на оргулите
Составени се од свиралки кои главно се наоѓаат во дрвен ормар, потоа мевови и управувачки механизам (свиралник, трактура и вентили), или:
- механизам за собирање и испуштање на воздух.
- „конзола“ или делот за манипулација кој е составен од неколку манули т.е. клавиши (од 5 до 7) кои се поставени во форма на скали
- цевки со различна големина и број - во кои се создава звукот.
Постојат и оргули со неколку стотици, па дури и десетици илјади цевки.
Remove ads
Историјата на оргулите
Антика и среден век
Историјата на оргулите води потекло од далечното минато. Нивните претходници се далекуисточните инструменти: кинескиот шенг и јапонскиот шо, а од античките се смета панова фрула. Првиот директен предок на оргуите е грчки односно римски инструмент хидраулос. Имал свиралки како и оргулите само што воздухот во цевките се пумпал со помош на притисокот на водата. По пропаѓањето на Стариот Рим оргулите се користеле во Византија каде што биле составен дел на дворскиот церемонијал. Повторно почнале да се шират во Европа кога византискиот цар Константин V Копроним му ги подарил на францускиот крал Пипин Малиот. За време на францускиот владетел, оргулите полека влегле во западнохристијанската црковна литургија. Првите познати оргули во црквата биле поставени во Ахен 812 година. Првите средновековни оргули имале големи и несмасни клавиши и малку регистри.
Remove ads
Галерија
- Оргулите во Катедрата во Франкфурт на Мајна, Германија
- Оргулите во катедралата во Вецлар, Германија
- Оргулите во лутеранската црква св. Мариен во Марбург, Германија
- Оргулите во црквата св. Мартин во Касел, Германија
- Оргулите во црквата Св. Фојлан во Ахен, Германија
- Оргулите во црквата „Св. Мартин Големиот“ во Кенл, Германија
- Оргулите во Келнската катедрала
- Конзолата на оргулите од црквата Св. Ремигиј (1775.). Музеј на Бетовен, Бон.
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads