Орде Чопела

From Wikipedia, the free encyclopedia

Орде Чопела
Remove ads

Јордан Чопела или Орде Чопела (Варош, Прилепско, 1 мај 1912 - Битола, 9 април 1942 ) — македонски комунист, учесник во НОБ. Одликуван е со Орден народен херој на Југославија на 2 август 1949 година.

Кратки факти Роден, Починал ...

Животопис

Јордан Чопела е роден во Варош, во семејство на печалбари. Многу млад се запишал во соколаната и бил еден од најдобрите вежбачи на справите, поради што бил испратен на слет во Софија, во 1930 година.[1] Во 1933 и 1934 година служел војска, а потоа се оженил, и имал две ќерки. На изборите во 1938 година, Јордан бил активен агитатор.[2]

Во 1940 година станал член на Комунистичката партија на Југославија. Активен бил во здружението на тутунопроизводителите. Поради учеството во организирање на штрајк против Монополот, со цел да се зголемат откупните цени на тутунот, му била испратена покана за воена служба. Таму, исто така, организирал бунт поради квалитетот на храната и бил осуден на три месеци затвор.[3]

Remove ads

Учество во НОБ

Чопела бил активно вклучен во Народноослободителното движење за време на Втората светска војна во Македонија. На 16 јули 1941 година во неговиот стан во Прилеп е формирана Прилепска воена комисија.[4] По директива на Покраинскиот комитет на КПЈ за Македонија, во јануари 1942 година престојувал во Битола, каде што требало да подготви партизански одред во Битолско.

На 8 април 1942 година во Битола Јордан Чопела бил предаден, и по куса борба бил смртно ранет од страна на бугарската фашистичка полиција. Починал на 9 април 1942 година.

За народен херој бил прогласен на 2 август 1949 година.[5]

Во негова чест, едно од средните училишта во Прилеп го носи неговото име.

Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads