Варош
село во Општина Прилеп From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Варош или Марков Град — најстарата населба во Општина Прилеп, која преку пат на конурбација е споено со градот Прилеп, така што денес претставува негова населба.
Remove ads
Географија и местоположба


Населбата се наоѓа северозападно од центарот на Прилеп. Се наоѓа на периферијата на Прилеп, во подножјето на Марковите Кули, на надморска височина од 680-700m.
Историја
Стопанство
Демографија
Населението во Варош е во постојан пораст. Според некои податоци во 1900 г. во Варош живеат 1380 жители.[3]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Варош се води како чисто македонско село во Прилепската каза на Битолскиот санџак со 210 куќи.[4]
Од пописите од 1981 и 1991 се гледа дека во Варош живееле 3175, односно 3274 жители. Според последниот попис од 2002 година, населбата Варош брои 3458 жители, од кои:[1]
Remove ads
Општествени установи
Во Варош се наоѓа подрачното училиште „Блаже Конески“ во кое се изведува настава од 1 до 5 одделение.[5]
Администрација и политика
Избирачко место
Во селото постојат избирачките места бр. 1443, 1444 и 1445 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[6]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 2.286 гласачи.[7]
Културни и природни знаменитости
Според едно предание, во Варош некогаш постоеле 77 цркви.[8] Денес во Варош сочувани се шест цркви и тоа: Варошкиот Манастир со црквата „Св. Архангел Михаил“, „Св. Никола“, „Св. Богородица Пречиста“, „Св. Атанасиј“, „Св. Петар“ и „Св. Димитрија“.[9]
- Манастирската црква „Св. Архангел Михаил“
- Археолошки наоѓалишта
- Бревчина — Населба од римското време;
- Заград — Населба од железното време;
- Кабања — Населба од римското време;
- Калдрма — Некропола од железното и хеленистичкото време;
- Куќата на Ѓошеви — Депо од бронзеното и железното време;
- Куќата на М. Мантов — Некропола од бронзеното време;
- Манастир Св. Архангел Михаил — Осамен наод од римското време;
- Маркови Кули — Средновековна тврдина;
- Мечкина Дупка — Некропола од хеленистичкото време;
- Падарница — Некропола од римското време;
- Под Кули — Некропола од хеленистичкото време;
- Попадин Дол — Некропола од железното време;
- Св. Атанас — Осамен наод од римското време и средновековна црква со некропола;
- Св. Варвара — Средновековна црква;
- Св. Врач — Средновековна црква;
- Св. Димитрија — Осамен наод од римското време;
- Св. Ѓорѓија — Средновековна црква;
- Св. Јован — Осамен наод од римското време и средновековна црква со некропола;
- Св. Никола — Осамени наоди од римското време и средновековна црква со некропола;
- Св. Петар — Осамен наод од римското време;
- Св. Харалампија — Осамен наод од римското време и средновековна црква;
- Светец — Некропола од бронзеното време;
- Сивастоец — Средновековна некропола;
- Слон — Населба од бронзеното време;
- Ташачица — Населба и некропола од доцноантичкото време и средновековна населба;
- Црква 13 — Осамен наод од римското време и средновековна црква со некропола;
- Црква 14 — Средновековна црква;
- Црква 15 — Средновековна црква;
- Црква 16 — Средновековна црква и некропола;
Remove ads
Редовни настани
Голем Петок (првиот петок после Велигден) се смета како Варошка слава и се одржува голем панашѓур под Варошкиот манастир.
Личности
- Алекса Попов (1809 - 1912) - православен свештеник, македонски национален и просветен деец, учител на Марко Цепенков
- Ѓорче Петров (1865 - 1921) - македонски револуционер, еден од раководителите на ВМРО
- Кирил Јанчулев (1896 - 1961) - началник на генералниот штаб на бугарската армија во Втората светска војна
- Мице Козар (1910 - 1942) - македонски борец, учесник во НОБ, еден од повлијателните припадници во работничкото движење во Македонија помеѓу двете светски војни
- Спасија Мирева Беличанец (1923 - ) — учесник во НОВ на Македонија
- Орде Чопела (1912 - 1942) - народен херој на Македонија од Втората светска војна
- Стева Богоевска (1927- ) — учесник во НОВ на Македонија
- Милица Велеска (1925- ) — учесник во НОВ на Македонија
- Василка Велеска (1913- ) — учесник во НОВ на Македонија
- Борка Велески (1912 - 1942) — револуционер и народен херој на Македонија
- Илка Дупјачанска (1892-) — учесник во НОВ на Македонија
- Цветанка Конева Зајкоска (1918-) — учесник во НОВ на Македонија
- Нада Костова Здравеска (1924-) — учесник во НОВ на Македонија
Култура и спорт
Иселеништво
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads