Орел-рибар
вид птица From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Орел-рибар (науч. Pandion haliaetus) е птица од редот на соколовидните, сместена во своја семејство орли-рибари (Pandionidae) и свој род орел-рибар (Pandion). Ја има во Македонија.

Remove ads
Распостранетост и живеалиште
Тие живеат низ целиот свет, а највеќе ги има во Канада и САД. Нивните гнезда најчесто ги поставуваат покрај езерата, мочуриштата и морските брегови.
Опис
Долги се 60 см, а распонот на крилјата им е 180 см. Главата им е бела, а од очите до страните на вратот имаат црно. Градите и долниот дел им е бел, а крилјата им се кафеави.
Исхрана
Орлите-рибари се хранат со риби, со тежина до 2 кг. Кога ќе здогледаат риба, тие се спуштаат блиску до нивото на водата, грабнувајќи ја со своите нозе. Канџите се така обликувани, што не им дозволуваат на рибите да побегнат.
Размножување
Гнездата им се направени од дрвени стапчиња, а најчесто им се наоѓаат на дрвата, карпите, бандери, мостови и слично, блиску до вода. Женките несат 2-4 јајца кои ги квачат 35-40 дена.
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads