Освојувачи на медали на Летните олимписки игри 2012

From Wikipedia, the free encyclopedia

Освојувачи на медали на Летните олимписки игри 2012
Remove ads

Во списокот на освојувачи на медали по земји на Летните олимписки игри 2012 се наведени сите земји учеснички на игрите кои освоиле медал. Игрите се одржале во Лондон од 27 јули до 12 август 2012, а медали биле доделени во 302 натпреварувања во 26 спортови.[1]

Thumb
Карта на светот на која е претставен успехот на секоја земја на Летните олимписки игри 2012.
Легенда:
       Со златна боја се обележани земјите-учеснички коишто освоиле барем еден златен медал.
       Со сребрена боја се обележани земјите-учеснички коишто освоиле барем еден сребрен медал.
       Со бронзена боја се обележани земјите-учеснички коишто освоиле барем еден бронзен медал.
       Со сина боја се обележани земјите-учеснички коишто не освоиле медал.
       Со црвена боја се обележани земјите коишто не учествувале на игрите.

По завршувањето на игрите, вкупно 85 земји-учеснички освоиле медал, а 54 од нив златен. Спортистите од Бахреин, Боцвана, Габон, Гватемала, Гренада, Кипар и Црна Гора на своите земји им го донеле првиот медал од Олимписките игри, при што првиот медал за Гренада бил златен. Најуспешна нација на игрите била репрезентацијата на САД, која освои 46 златни од вкупно 104 медали.

Најуспешен натпреварувач на игрите бил американскиот пливач Мајкл Фелпс, кој освоил 4 златни и 2 сребрени медали.

Remove ads

Список по земји

Списокот е направен според информациите добиени од Меѓународниот олимписки комитет (МОК) и е во склад со прописите утврдени од страна на МОК за составување на ваквите списоци. Според прописите, земјите во списокот се претставени со нивните национални олимписки комитети, а се подредени по бројот на освоени златни медали. Доколку се случи две или повеќе земји да имаат еднаков број на освоени златни медали, подредувањето продолжува по освоените сребрени, па по освоените бронзени медали. Доколку се случи две или повеќе земји да имаат освоено ист број на златни, сребрени и бронзени медали, тогаш тие заземаат исто место во списокот и се прикажани според редоследот на првата буква во абецедата.

Во боксот, џудото, теквондо и борење, биле доделувани по два бронзени медали во секоја тежинска класа. Два сребрени медали (и ниедна бронза) биле доделени за изедначеното второ место во трките 200 м краул за мажи и 100 м делфин за мажи. Два бронзени медали биле доделени за изедначеното трето место на велосипедската трка кеирин за мажи;[2] три бронзени медали биле доделани за делбата на третото место во машкиот скок во височина во атлетските натпревари.

      земја-домаќин (Велика Британија)

Повеќе информации Место, Земја ...
Remove ads

Промени во поредокот за медали

На 13 август 2012, ИОК ѝ го одзел златниот медал на белоруската репрезентативка Надежда Остапчук, освен во дисциплината фрлање ѓуле за жени, откако се покажала позитивна на тестирањето за допинг. Како последица на тоа, Новозеланѓанката Валери Адамс го добила златниот медал, додека Русинката го заменила бронзениот медал за среброто, а кинеската натпреварувачка, која била четвртопласирана, Гонг Лијиао ја добила бронзата.[3]

Повеќе информации Список на промени во поредокот за медали, Датум на промена ...
Remove ads

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads