Османлиско-црногорска војна (1876-1878)

From Wikipedia, the free encyclopedia

Османлиско-црногорска војна (1876-1878)
Remove ads

Османлиско-црногорската војна (1876-1878) довела до конечно протерување на Османлиите од црногорската земја. Како позадина на војната било востанието во Херцеговина и почетокот на Српско-турската војна истата година.

Кратки факти Датум, Место ...
Remove ads

Заднина

Во октомври 1874 година во Подгорица, која тогаш била пограничен град на Османлиското Царство, бил убиен Јусуф-бег Крњиќ, познат османски чиновник. Најверојатно го убил еден близок роднина на војводата Марко Миљанов. Во знак на освета, Турците извршиле одмазда над населението и трговците. Овој настан е познат како Подгорички покол. Тој резултирал со лоши односи помеѓу Црна Гора и Османското царство, који уште повеќе биле влошени со избивањето на востанието во Херцеговина. Црна Гора им пружала воена и материјална помош на востаниците и ги застапувала пред Портата. Црна Гора за себе барала дел од Херцеговина кој османските власти не сакале да и го отстапат. Поради тоа Црна Гора во јуни 1876 година му објавила војна на Османлиското Царство, а веднаш потоа тоа го направила и Србија.

Remove ads

Војната

Thumb
Црногорски востаници

Една од најодлучувачките битки била кај Волчиот дол каде османлиските сили имале загуба од 4,000 војници наспроти 70 црногорски војници. По оваа победа битки се воделе и на границата кон Херцеговина и Албанија. На 24 септември бил освоен Никшиќ, а по ова следувале Бар, Улцињ, Грможур итн. Војната завршила со потпишување на примирјето од Едрене меѓу Руската и Османлиското Царство. Територијата на Црна Гора се проширила од 4.405 км2 на 9.475 км2 а по Берлинскиот конгрес земјата добила независност.

Remove ads
Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads