Охотска Плоча

тектонска плоча From Wikipedia, the free encyclopedia

Охотска Плоча
Remove ads

Охотска Плоча — мала тектонска плоча која ги опфаќа полуостровот Камчатка, Магаданската Област и островот Сахалин во Русија; регионите Хокаидо, Канто и Тохоку во Јапонија; Охотското Море, како и спорните Курилски Острови.

Кратки факти Охотска Плоча, Вид ...

Главниот раседен систем на Јапонија е во зоната каде Амурската Плоча (источниот раб на Евроазиската) се среќава со Охотската, понекогаш сметана за западен раб на Северноамериканската Плоча.[1]

Границата Улаханскиот Расед, трансформен расед со странично лево движење кој потекнува од тројна точка во Черските Планини.

Remove ads

Геологија

Границата помеѓу Охотската и Амурската Плоча можеби е одговорна за силните земјотреси во Јапонското Море и на островот Сахалин Island, како што земјотресот на 27 мај 1995 г. на северен Сахалин со јачина од 7,1 MW (7,5 MS според други извори).[2][3][4] Земјотресот го уништил гратчето Нефтегорск, и истото потоа не било обновено. Други позначајни меѓуплочни земјотреси како оној во Јапонското Море од 1983 г. и оној во Хокаидо во 1993 г. предизвикале цунамија во Јапонското Море.

Границата помеѓу Охотската и Тихоокеанската Плоча е зона на подвлекување, каде Тихоокеанската се подвлекува под Охотската. Овде се случиле бројни мегаземјотреси, меѓу кои најголемите забележани во светот. Таков пример се камчатските земјотреси од 1737 г. (9,0~9,3 M) и 1952 г. (9,0 M). Мегаземјотреси со оваа јачина се јавуваат и близу Курилските Острови, како оној од 8,3 M на 15 ноември 2006 г.,[5][6] Хокаидо, as земјотресот на 26 септември 2003 г. со јачина од 8,3 M[7][8] и земјотресот во Тохоку во 2011 г. кај брегот на Хоншу, со јачина од 9,0 M.[9]

Мерењата со ГПС и други проучувања покажуваат дека Охотската Плоча бавно се врти надесно. Проценето е дека се свртува за 0,2° на милион години околу стожер сместен северно од Сахалин.[10]

Remove ads

Мегаземјорес во Сендај 2011

Во 2011 г. Јапонија била погодена од подводен мегаземјотрес со јачина од 9,0–9,1 Mw, предизвикан од подвлекувањето на Тихоокеанската под Охотската Плоча. The worst effected areas in Тохоку, Јапонија experienced 6 минути потрес. Главното пролизгување се случило на „Северноамериканската или Охорската Плоча“.[11]

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads