Охрид (село)

From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Охрид (бугарски: Охрид) — село во северозападна Бугарија, во општината Бојчиновци во Монтанската Област. Има население од околу 349 жители (2022).[1]

Кратки факти Охрид Охрид, Земја ...
Remove ads

Географија и местоположба

Селото се наоѓа на 4 километри од железничката станица Бојчиновци на линијата ВидинСофија. Куќите му се наоѓаат на двата брега на реката Ботуња. Над селото се издига висината П’стрина.

Историја

Според историчарите, во местото на селото имало живот уште во антиката. Во римско време низ него минувал главен пат од денешните Лом и Орјахово до Враца.

Во 1861 година во селото била изградена црквата „Свети Димитар“. По ослободувањето на Бугарија, селаните ја подигнале црквата која била вкопана во земјата и таа се надвивала над куќите со своите камени ѕидови. За да знаат кога се наближува празник, селаните нарачиле да им се одлее камбана дури во Грузија. Бронзеното „ѕвоно“ со брод по Дунав било доставено до пристаништето во Лом и оттаму со количка пристигнало во селото. Легендата вели дека камбаната всушност била одлеана за македонскиот град Охрид, но по грешка била испратена во селото Охрид. Тоа е побиено со тоа што на камбаната има лиен натпис „Село Охрид“.[2] Денес, грузинската камбана е само вреден експонат. Пред неколку години се пукна и беше симната. На нејзиното место е поставена нова камбана, нарачана од Емил Живков.

Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads