Ошинув Долни
село во Западнопоморското војводство, Полска From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Ошинув Долни (полски: Osinów Dolny, германски: Niederwutzen) — село во општината Цедиња на Грифинскиот Округ во Западнопоморското Војводство, северозападна Полска. Сместено е на брегот на реката Одра, веднаш до самата граница со Германија која оди по неа.[2] Лежи околу 6 км југозападно од Цедиња, 50 км југозападно од Грифино и 70 км југозападно од војводската престолнина Шчеќин. По својата местоположба, ова е најзападното населено место во Полска.
Селото има население од 205 жители (2011) [1]. Преку границата во Германија се наоѓа местото Хоенвуцен, на патот од Хојна (порано Кенигсберг во Нојмарк) за Бад Фрајенвалде во Бранденбург, Германија.
Сè до 1945 г. селото ѝ припаѓало на покраината пруската покраина Бранденбург во рамките на Германија. Од 1936 до 1939 г. во местото работела хартиена фабрика, која подоцна е затворена. Денес погоните служат како затворен пазар.
Remove ads
Стопанство
Малото стопанство Ошинув Долни ужива значаен промет од Германци кои ја преминуваат границата во набавка на поевтини производи и услуги уште од самото отворање на граничниот премин во 1993 г. Во поново време, местото шеговито се нарекува „Село на фризерите“ (Dorf der Friseure) поради тоа што преку половина од мештаните се занимаваат со фризерство, мнудејќи евтини потсрижувања за германските посетители од преку границата.
Remove ads
Поврзано
- Крајни точки на Полска
- Долна Шлеска
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads
