ПУ „Д-р Трифун Пановски“ - Нижеполе

поранешно подрачно основно училиште во Нижеполе, Општина Битола From Wikipedia, the free encyclopedia

ПУ „Д-р Трифун Пановски“ - Нижеполе
Remove ads

Основно училиште „Д-р Трифун Пановски“ (официјално: Подрачно основно општинско училиште „Д-р Трифун Пановски“ - Нижеполе; скратено: ПООУ „Д-р Трифун Пановски“) — поранешно подрачно основно училиште во селото Нижеполе, кое претставувало единка на истоименото училиште од градот Битола, Општина Битола.[1]

Кратки факти Д-р Трифун Пановски ...

Училиштето е именувано по македонскиот учесник во НОВ и прв партизански лекар, Трифун Пановски.

Remove ads

Историја

Thumb
Училиштето во почетокот на XX век.

Градбата е изградена во дворот на црквата „Света Петка“ на крајот на XIX или на самиот почеток на XX век како грчко училиште за претежно гркоманското влашко население од Нижеполе. Во триаголниот простор над нејзиниот главен влез има опширен натпис кој информира дека училиштето е изградено во времето на митрополитот Амвросиј Пелагониски (1899–1903) со средства од нижополецот Константин Беби (Константинос Бембис). Зградата е во класичен и еклектичен стил популарен во тоа време во Битола.[2]

По воспоставувањето на македонската држава, училиштето го добило името по докторот и партизанот Трифун Пановски.

Училиштето престанало со настава после учебната 2010/11 година.[3]

Remove ads

Особености

Подрачното училиште во Нижеполе располага со училишна зграда со површина од 321,00 м2 во која се наоѓаат две училници и една канцеларија, и училишниот двор со површина од 180,00 м2[3]

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads