Нижеполе
село во Општина Битола From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Нижеполе — село во Општина Битола, во околината на градот Битола. Сместено е на падините на Баба Планина, во западниот дел на регионот Пелагонија.
Remove ads
Географија и местоположба
Селото Нижеполе се наоѓа на 1.100 метри надморска височина на ридско-планински терени на планината Баба. Оддалечено е 9,5 километри југозападно од Битола.
Историја
Поради појава на свлечишта, во 2015 година биле изградени неколку потпорни ѕидови на неколку точки во Нижеполе.[2]
Вкупно 4 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.[3]
Население
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Нижеполе имало 2.030 жители, од кои 1.590 Власи, 250 Албанци христијани и 190 Македонци.[4]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 година, Нижополе се води како чисто македонско село во Битолската Каза на Битолскиот Санџак со 212 куќи.[5]
Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Нижеполе имало 160 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија и 780 Власи патријаршисти и функционираат грчко и влашко училиште.[6]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 200 Власи, 100 Македонци, 100 Албанци и 50 Грци.[7]
Нижеполе е средно по големина село, коешто во 1961 година има 577 жители, од кои 123 Македонци, 118 Албанци и 336 останати. Во 1994 година бројот се намалил на 231 жител, од кои 51 се од македонско население и 121 од влашко население, потоа 51 Албанец, 4 Турци и само двајца други.
Според пописот од 2002 година, селото Нижеполе броело 186 жители, од кои:[8] 47 Македонци, 30 Албанци, 4 Турци и 105 Власи.
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 125 жители, од кои 21 Македонец, 12 Албанци, 4 Турци, 77 Власи, 5 останати и 6 лица без податоци.[9]
На табелата е прикажан народносниот состав на населението низ сите пописни години:[10]
Родови
Како еден од најстарите албански родови во целиот битолски крај се споменува родот Баху (24 куќи) доселен во Нижополе. По потекло е од селото Ќинали кај Колоња.
Нижеполе е мешано село.
- Македонски родови во селото се: Илковци (5 к.), Чочорци (4 к.), Таневци (2 к.), Бараковци (2 к.), Тотули (2 к.), Лито (1 к.) и Таловци (1 к.) овие родови изгледа се староседелски, за нив никој не знае да се доселени однекаде; Анѓелевци (1 к.) доселени се од селото Цер, Железник; Тасевци (1 к.) доселени се од Ѓавато.
- Влашки родови во селото се: Тони (8 к.), Џани (7 к.), Музеќари (6 к.), Чолаку (5 к.), Пула (2 к.), Ќоса (1 к.) и Капрен (1 к.) родот Музеќари е доселен за време на Балканските војни од Музакија (Албанија). Останатите влашки родови се доселени од Москполе и Грамошта.
- Албански род во селото е: Баху (20 к.) се доселил основачот на родот Бахо, тоа било во втората половина на XVIII век. Местото од каде се доселил било Ќинали во Колоња (Албанија). Го знаат следното родословие: Ќерим (жив на 73 г. во 1950-тите) Ибраим-Мамут-Алим-Бахо, кој дошол.
- Саракачански родови во селото се: Козаровци (3 к.), Тако (3 к.) и Никола (1 к.). Зборуваат грчки, но тука брзо го научиле и влашкиот јазик. Во Нижеполе целосно се населиле во 1930 година, пред тоа со стоката на лето престојувале на Пелистер, додека зимата ја поминувале во околината на Гевгелија.[11]
Remove ads
Општествени установи

Во селото се наоѓа Подрачното основно училиште „Д-р Трифун Пановски“ кое е дел од истоименото централно училиште од Битола.
Самоуправа и политика
Избирачко место
Во селото постои избирачкото место бр. 130 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[12]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 165 гласачи.[13]
Културни и природни знаменитости
- Цркви[14]
- Црква „Св. Атанасиј“ - се наоѓа под врвот Пелистер. До неа од селото се стигнува за 45 минути пешачење. Датира од XIX век со автентичен иконостас, мал конак и простор за одмор. Во близина се наоѓа чешма со изворска вода пред која се отвора прекрасен видик на пелагониската котлина;
- Црква „Св. Петка“ - се наоѓа во месноста Гргули и датира од XIX век. Се наоѓа на 10 минути оддалеченост од центарот на селото, во внатрешноста на црквата има извор на света лековите вода;
- Црква „Св. Јован Златоуст“ - главна манастирска црква на ставропигијалниот манастир. Изградена во 2006 година.[15]
- Археолошки наоѓалишта[16]
- Горно Село — населба од средниот век;
- Кај Црквата — црква и некропола од средниот век;
- Разно
- Стар Француски Пат - пат изграден во Првата светска војна од страна на француските војски и кој води до Големото Езеро.
Remove ads
Личности
- Васил Цаноски (р. 1922) - македонски партизан, учесник во НОБ
- Ѓорѓи Зисовски (р. 1922) - македонски партизан, учесник во НОБ
- Кочо Чолаковски (р. 1923) - македонски партизан, учесник во НОБ
- Елена Догова (р. 1888) — учесник во НОВ на Македонија
- Јосиф Петровски (р. 1925) - македонски партизан, учесник во НОБ
- Димче Милевски - Добри (р. 1920) - македонски партизан, учесник во НОБ - носител на партизанска споменица
- Теодорос Адам (р. 1880) — капетан на пропагандниот одред на грчките вооружени сили
- Васко Ташковски (р. 1937) - македонски сликар
- Гена Наковска (р. 1959) - македонска поетеса
Remove ads
Култура и спорт
Селото се наоѓа на границата со Националниот парк Пелистер и е на само 10 км од градот Битола и претставува важно одредиште за рекреативците и другите туристи од регионот и државата, но исто така и соседните земји особено Грција и Албанија. Бројните излетнички места, планинарски патеки и скијачки терени со кои изобилува околината привлекуваат илјадници посетители преку текот на целата година. Селото дава можности за развој на повеќе видови традиционален или алтернативен туризам и одлични услови за зимски и летен туризам. Во развојот на туризмот може да се искористи и населението од самото село особено за производство на здрава храна или во функција на агро-туризмот.
Remove ads
Галерија
- Нижеполе и Пелистер
- Викендица во Нижеполе
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads