Павел Делирадев

From Wikipedia, the free encyclopedia

Павел Делирадев
Remove ads

Павел Димитров Делирадев бил македонски[1] општестевник, публицист и револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, член и раководител на Македонската револуционерна организација, близок до Серската група, еден од основачите на Народната федеративна партија и деец на ВМРО (Обединета) [2][3][4][5].

Кратки факти Роден, Починал ...
Remove ads

Животопис

Го завршува Панаѓурското четирикласно училиште и Столарското училиште во Русе, а потоа учи географија во Софија. Основач е на социјалистичките организации во Панаѓуриште и Русе. Во 1903 година основа Општ работнички синдикален соjуз. Работи како уредник во различни левичарски весници, публикува статии за Руската револуциja. Павел Делирадев e секретар на четата на Јане Сандански, близок приjaтел со Павел Шатев.

Учествува во создавањето на Народната федеративна партиja, го изработува неjзиниот устав и програма, а по тоа се приклучува кон ВМРО (обединета). За време на Првата светска воjна е бугарски офицер. По воjните е еден од организаторите на туризмот во Бугарија. Еден е од основачите на алпинизмот и пештерското дело.

Има научни придонеси во географијата, геологиjaта, медицината, биологиjaта и др. Автор е на повеќе од 50 книги научна, научно-популарна и патописна литература, 15 политички брошури и над 2 500 статии. Редактира неколку весници и магазини и е нивни соработник. Прв минува по билото на Стара планина во 1933 година, кога е на 54 години и за триесе дена минува повеќе од 700-те километра до морето. Делирадев е автор на неколко научни книги за бугарските планини – Витоша (1926), Осогово (1927), Рила (во два тома, 1928, 1932), Родопите (1937) и др., на трудове со историско-етнографски карактер како Принос към историческата география на Тракия (во два тома, 1953) и др. Лауреат е на Димитровска награда во 1950 г. Делирадев во месечното списание Македонска мисла, орган на Македонскиот научен институт во 1945 година истакнал:

Повелбата на новото време е: секој, којшто живее во Македонија, може и треба да се чувстува пред сè и над се како Македонец. [6]
Remove ads

Извори

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads