Павле Киров
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Павле Киров или Павел Киров, наречен Кучкарот,[1] или Загарџијата (грчки: Παύλος Κύρου, Павлос Киру) е грчки андартски капетан и учесник во Борбата за Македонија.
Животопис
Киров е роден во костурското село Желево. Другар на арамијата и војвода на ВМОРО, а подоцна и андартски капетан Коте Христов.
Загинал на 19 ноември 1906 година заедно со андартскиот капитан Димитар Далипов во село Ошчима (денес Тригоно) во судир со четите на Пандо Кљашев и Митре Влаот [2].
Германос Каравангелис за него вели:
„ | Павлос Киру, грк, словенофон од Желево, беше еден од нашите најдобри агенти, со учителот Николаос од Желево, Наум и Трајко Ландзакис. На крај го прогласивме за главатор. Бугарите, откако разбраа за тоа, избезумија. Го предадоа на бугарскиот комитет и еден ден, кога излегуваше од селото, една банда го уби [3] | “ |
Remove ads
Литература
- Κύρου, Τάκης. Ο καπετάν Παύλος Κύρου, Φλώρινα, 1978.
Извори
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads