Павле (принц на Грција)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Павле, принцот на Грција и Данска (англиски: Paul; роден на 20 мај 1967 ) е најстариот син на Константин II, кралот на Елините[1] Доколку Константин некогаш биде вратен на грчкиот престол, принцот Павле би бил негов наследник како најголем машки потомок.
Принцот се школувал на Грчкиот колеџ во Лондон. Во текот на своето школување, тој подоцна бил обучен како еден британски воен офицер во Кралската воена академија. Во 1993 година дипломирал меѓународни односи, а во 1995 година станал магистер за надворешни работи.
На 1 јули 1995 година се оженил со Мари Шантал. Денеска тие живеат во Њујорк и имаат пет децаа:
- Принцеза Марија Олимпија
- Принц Константин Алексиос
- Принц Ахил Андреј
- Принц Одисеј Кимон
- Принц Аристид Ставрос
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads