Палата на Големиот мајстор
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Палатата на Големиот мајстор (малтешки: Il-Palazz tal-Granmastru), официјално позната како Палатата (малтешки: Il-Palazz), е палата во Валета, Малта. Изградена е помеѓу 16ти и 18ти век како палата на Големиот мајстор на Редот на Св. Јован, кој владеел со Малта од 1530 до 1798. Кога витезите биле протерани во време на наполеонова Франција, палатата станала Национална палата. За време на британското владеење почнувајќи од 1800, палатата станала Гувернерска палата (малтешки: Palazz tal-Gvernatur).
Палатата станала британска кралска резиденција во која престојувал гувернерот кој ја претставувал монархијата, и самата кралска фамилија. Како официјална кралска резиденција често била користена од британските суверени за време на нивниот престој во Малта.
Палатата моментално е седиште на Претседателот на Малта. Служела и како седиште на Парламентот на Малта од 1921 до 2015.
Remove ads
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads