Малтешки јазик

From Wikipedia, the free encyclopedia

Малтешки јазик
Remove ads

Малтешки јазикјазик кој спаѓа во групата на семитски јазици. Овој јазик се зборува во Малта, Австралија, Канада, Италија итн. од страна на околу 330 000 луѓе. Овој јазик е службен јазик на Малта, и еден од јазиците на Европската унија. Овој јазик е многу сличен на арапскиот јазик и тоа на тунискиот арапски јазик. Со неговото развивање, малтешкиот јазик преземал многу особини и зборови од италијанскиот и англискиот јазик. Како службен јазик на Малта станал во 1936 година.

Кратки факти Малтешки јазик, Застапен во ...
Remove ads

Историја

Thumb
Најстариот пишан текст на малтешки: Il-Kantilena од Пјетру Каксаро, 15ти век

Потеклото на малтешкиот јазик се припишува на доаѓањето на доселеници од соседна Сицилија, во почетокот на 11-ти век, каде што се зборувал сицилиско-арапски јазик.[1] Ова е потврдено со генетски испитувања, кои покажуваат дека денешните Малтежани имаат заедничко генетско потекло со Сицилијанците и Калабријците, со мал генетски влез од Северна Африка и Левантот.[2][3]

Норманската инвазија на Малта во 1091, проследена со протерувањето на муслиманите, кое завршило до 1249, трајно го изолирало народниот говор од арапскиот извор, создавајќи услови за создавање на посебен јазик.[1] За разлика од Сицилија, каде што сицилиско-арапскиот јазик изумрел и бил заменет со сицилиски, народниот јазик во Малта продолжил да се развива заедно со италијанскиот, на крајот заменувајќи го како официјален јазик во 1934, заедно со англискиот.[1] Првата позната пишана референца за малтешкиот јазик е од еден тестамент од 1436, каде што се нарекува lingua maltensi. Најстариот пишан текст на малтешки јазик, Il-Kantilena (Xidew il-Qada) од Пјетру Каксаро, потекнува од 15-ти век.[4]

Remove ads

Граматика

Именки

Малтешкиот јазик има определен член кој е проклитички. Членот гласи il- и е еквивалентен со македонските „-от/-та/-то“, или со арапскиот „al-“.

Членот станува l- кога се наоѓа пред или после самогласка.

  • l-omm (мајката)
  • rajna l-Papa (Го видовме Папата)
  • il-missier (татко)

Доколку зборот започнува со сончева согласка, членот се асимилира со следната согласка. Така, на пр. членуваната форма на зборот xemx (сонце) е ix-xemx (сонцето), а не il-xemx.

Глаголи

Малтешки говорител, снимен во Малта

Структурата на сегашното време во малтешкиот јазик вклучува специфични префикси и суфикси додадени на коренот на глаголот.

Глаголите немаат инфинитивна форма. За изменување на глаголот во сегашно време доволно е да се познава императивот (заповедниот начин) на глаголот. Така на пр. за глаголот работи тоа се aħdem (за еднина) и aħdmu (за множина).

Повеќе информации Еднина, Множина ...

Броеви

Повеќе информации Кардинални броеви ...
Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads