Парма

општина во Италија From Wikipedia, the free encyclopedia

Пармаmap
Remove ads

Парма ( италијански: Parma ) — познат град во Италија . Парма е исто така втор по големина град во провинцијата Емилија-Ромања во северниот дел на државата и главен град на истоимената област Парма .

Кратки факти Парма Pärma (јазик?), Град Парма ...
Remove ads

Парма е позната по својата архитектура и силната традиција во земјоделството и прехранбената индустрија. Универзитетот во Парма [2] е еден од најстарите во Италија.

Познат фудбалски клуб кој доаѓа од овој град е ФК Парма .

Remove ads

Потекло на името

Името на градот е поврзано со името на староримскиот штит - Парма. Првично така бил именуван потокот, кој денес го дели градот на два дела, и кој е толку мал што се суши во поголемиот дел од годината.

Географија

Thumb
Плоштад Гарибалди во стариот град
Thumb
Парма ноќе - најпознатиот градски мост
Thumb
Дуждев парк
Thumb
Градски специјалитет - Тортилин d'Erbeta

Парма се наоѓа на преминот од централна кон северна Италија . Градот се наоѓа на 470 км северно од главниот град Рим и 125 км југоисточно од Милано .

Релјеф

Градот е во рамничарско подрачје, најсеверните планини на Апенините се релативно близу до градот.

Клима

Климата во Парма е изменето континентална клима со забележително влијание од Средоземното Море. Затоа, во лето е многу топло, а снегот е вообичаен во зима и е многу ладно во споредба со поголемиот дел од јужна Италија .

Вода

Парма се наоѓа на потокот со исто име, кој е толку мал што често се суши. Реката По, како прва голема река, се наоѓа на 20 км северно од градот.

Remove ads

Популација

Според резултатите од пописот во 2011 година, во општината имало 175.895 жители.[3]

Стопанство

Парма е голем индустриски центар со високоразвиена прехранбена индустрија. Најголемиот индустриски гигант од Парма е млечната индустрија „ Пармалат “, позната низ целиот свет. Важноста на градот како светски важен центар на прехранбената индустрија може да се види од фактот дека Парма е седиште на Европскиот орган за безбедност на храна.

Знаменитости

  • катедрала со дела од Антонио Кореџо [4]
  • крстилница од 1196 година е еден од најзначајните средновековни споменици во Европа
  • црквата Свети Јован е изградена помеѓу 1498 година година и 1510 година година. Има барокна фасада.
  • Манастирот Свети Павле
  • Музеј Ломбардија

Познати луѓе од Парма

Градови партнери

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Loading content...
Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads