Апенини

планински венец ви Италија From Wikipedia, the free encyclopedia

Апениниmap
Remove ads

Апенини италијански: Appennini; латински: Apenninus, Apennini montes; емилијански: Apenén) — планински венец составен од помали напоредни венци што се протега 1.200 км долж полуостровска Италија. На северозапад се сврзуваат со Лигурските Алпи кај Алтаре. На југозапад завршуваат кај крајбрежниот град Реџо Калабрија на крајот од полуостровот. Почнувајќи од 2000 г., во состав на Апенините се вбројуваат и планините на северот на Сицилија, продолжувајќи ги до вкупно 1.500 км.[1] Системот образува лак што ја опфаќа источната страна на Лигурското и Тиренското Море.

Кратки факти Апенини Appennini, Највисока точка ...
Thumb
Возвишението Пјетра ди Бизмантова
Thumb
Мајела
Thumb
Корно Гранде
Thumb
Монте Веторе

Многумина сметаат дека името на венецот доаѓа од келтскиот поим penn, што значи „планина“ или „врв“.[2] Така, се смета дека името изворно гласело A-penn-inus и се однесувало на Северните Апенини. Претпоставката е дека ова име го дале Келтите, кои своевремено биле најбројниот народ во северна Италија (IV век п.н.е. или претходно). Иако оваа теза е најверојатна, не може да се каже дека ужива едногласност.[3]

По венецот е наречен и целиот Апенински Полуостров, кој го сочинува најголемиот дел од Италија.[3] Планините се претежно прекриени со растителност, но има и попусти места, како врвот Корно Гранде („Голем Рог“), кој е делумно зафатен од ледникот Калдероне — единствениот ледник на Апенините, кој почнал да се повлекува уште во 1794 г.[4] Јужните Апенини имаат повеќе степски карактер. Источните падини што се спуштаат во Јадранското Море се стрмни, додека пак западните падини образуваат подножно ридје на кое се сместени највеќето градови во полуостровскиот дел на земајта. Планините обично се нарекуваат по покраините во кои се наоѓаат (на пр. во Лигурија се сместени Лигурските Апенини). Постојат и недоречености, поради нејаснотиите во пограничните подрачја.

Remove ads

Географија

Апенините се делат на три дела: Северни Апенини (Appennino settentrionale), Централни Апенини (Appennino centrale) и Јужни Апенини (Appennino meridionale).[5]

Северните Апенини се состојат од три подвенци: Лигурски Апенини (Appennino ligure), Тоскански Апенини (Appennino toscano) и Умбриски Апенини (Appennino umbro).[6]

Екорегиони

  • северен и централен: апенински листопадни планински шуми (биом умерена широколисна и мешана шума)
  • од север до југ: италијански тврдолисни и полулистопадна шуми (биом средоземни шуми и макии)
  • јужен: јужноапенински мешани планински шуми (исто така средоземен биом)

Се проценува дека на Апенините виреат 5.599 вида васкуларни растенија, од кои 728 (23,6%) се сместени на екотонот на шумската граница.

Remove ads

Поважни врвови

Апенините имаат 21 врв повисок од 1.900 м што приближно ја претставува шумската граница. Највеќето од нив се сместени во Централните Апенини.[7]

Повеќе информации Име, Висина ...

Поврзано

Наводи

Библиографија

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads