Блискозвучница

From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Блискозвучници или пароними[1][2] (од старогрчкиот παρά - околу; παράδα + ονυμα - „име“) — зборови што се слични по звучен и морфемски состав, но се разликуваат по лексичко значење. Исто така е можно погрешно да се употреби едниот од нив наместо другиот.[3] На пример, адресат и адресант, речници со реченици, струг со струк. По аналогија со лажните пријатели на преведувачот, паронимите понекогаш се нарекуваат лажни браќа.

Паронимијата се објаснува со нестабилно познавање на значењето на еден или двата збора, некомпетентноста на говорникот (писателот) во полето на активност од кое е земен зборот, како и парапракси (на пр., лапсуси на јазикот). Особено е важно да се обрне внимание на паронимите при учење странски јазици, бидејќи многу пароними може да не се разликуваат од страна на учениците на странски јазик поради разлики во артикулаторната основа. Понекогаш еден полисемантичен збор или неколку хомоними на еден јазик одговараат на неколку различни пароними во друг.

Remove ads

Класификација на блискозвучниците

Поделбата на блискозвучниците може да биде од повеќе аспекти. Емил Ниами во својот Речник на паронимите во македонскиот јазик, врши поделба врз основа на потеклото се делат на етимолошки и неетимилошлки блискозвучници, врз основа на видливоста на семантичката граница, а врз основа на бројот на лексемите што влегуваат во паронимски однос (двочлени и повеќечлени).[4]

Поделба врз основа на етимологијата

Во оваа смисла, се разликуваат блискозвучници со исто етимолошко потекло и блискозвучници со различно етимолошко потекло. Одликата на првата група се состои во тоа што зборовите кои влегуваат во паронимиски формален однос се од иста мотивирачка основа или содржат ист корен, што ги прави семантички сродни, а семантичката разлика се добива со помош на различните зборообразувачки форманти. Такви се примерите од типот: урбан – урбанистички, хуман – хуманитарен, воспитаник – воспитател, динамизам – динамика, обележи – одбележи итн.

Кај паронимите со различно етимолошко потекло, пак, звучната и структурната сличност се засноваат на чиста случајност на комбинирачките фонетски можности на јазичниот систем. Такви се примерите од типот: ориз – ороз, паган – пагат, алиментарен – елементарен, мрази – мрзи, симулира – стимулира итн.[4]

Поделба врз основа на семантичката граница

Врз основа на семантичката граница блискозвучниците се делат на целосни и нецелосни. Така, за нецелосни пароними се сметаат оние кај кои не е јасно видлива семантичката граница.[4]

Поделба врз основа на бројот на лексемите

Според оваа поделба се разликуваат редови со два члена или со повеќе членови.[4]

Remove ads

Особини на блискозвучниците врз основа на звучниот состав

Според звучната сличност блискозвучниците можат да се поделат на:[4]

  1. Блискозвучници изградени од еднакви звуци, но со заменети места: акузатив – каузатив, бовча – бочва, конверзаториум – конзерваториум, невроза – нервоза, гарнира – гранира итн.
  2. Блискозвучници со еден различен дополнителен звук само во едниот пароним: апостроф – апострофа, карабин – карабина, бојлер – бројлер, гном – гнома, јама – јамка, канта – кантар, карат – карате итн.
  3. Блискозвучници со два различни дополнителни звука само во едниот пароним: катедра – катедрала, клима – климакс, лос – лосос, магнет – магнетит, норма – нормала, омофор – омоформа, презентација – репрезентација итн.;
  4. Блискозвучници со повеќе од два дополнителни звука само во едниот пароним: нерез – нерезина, норма – норматив, пазар – пазариште, пенал – пеналтик, пласт – пластеница, присој – присојница, разбој – разбојник, семинар – семинарија итн.
  5. Блискозвучници со по еден различен звук во двата збора: сервилен – сервисен, алкани – алкени – алкини, алузија – илузија, басма – басна, биографија – биографика, грам – драм, имигрант – емигрант; несе – носи итн.
  6. Блискозвучници со два различни звука во двата збора: алиментарен – елементарен, исправа – поправа; комисија – комисион, матрикс – матрица, нитрати – нитриди – нитрити, оогамија – оогонија итн.
  7. Блискозвучници со повеќе од два звука во двата збора: орденосец – ординарец, практикант – практицист, рајхсвер – рајхстаг; ревизиски – ревијален, сезнајко – сезналец итн.
  8. Блискозвучници со повеќе различни и/или дополнителни звуци: апсолутен – апсолутистички, илустративен – илустриран, климакс – климактериум, резач – резбар, колабира – колаборира итн.
Remove ads

Парономазија - намерна употреба на пароними

Ако мешањето на пароними е груба лексичка грешка, тогаш намерната употреба на два паронимни збора во една реченица претставува стилска фигура наречена „парономазија“.

Парономазијата се нарекува двоична фигура на стилистиката, бидејќи во неа учествуваат двата параноми.

Примери

  • струг - струк
  • адресат - адресант
  • речници - реченици
  • фактура - фрактура
  • профактура - префектура
  • јурук - чурук
  • посвети - просвети
  • критички - критични
  • кочничар - кошничар
  • ненадејно - ненајдено
  • статус - статут
  • константен - консонантен
  • критизер - критичар
  • визија - визита
  • дебатира - дебитира
  • искусува - искушува
  • белегзија - белегија
  • басма - басна
  • бег - бек

Поврзано

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads