Паситеја
харита во старогрчката митологија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Паситеја во старогрчката митологија е една од харитите (грациите). Харитите вообичаено се сметаат за ќерки на Зевс и Евринома, но според поетот Нон, нејзини родители се Хера[1] и Дионис.[2] Таа била мажена за Хипнос, богот на сонот.[3]

Семејство
Нејзини сестри се Аглаја („убавината“), Ефросина („радоста“) и Талија („задоволството“). Во римската митологија тие се познати како Грации.
Во четиринаесеттото пеење на Илијадата од Хомер, Хера ѝ ветува на Паситеја дека ќе ја омажи за Хипнос ако ѝ направи една услуга.
Иако грациите (харитите) обично се три, кај Спартанците, не Талија, туку Клета е третата, а се спомнуваат и други: Евклеја, Евтенија, Ефема, Филофросина, Ауксо, Харита, Хегемона, Фена.
Remove ads
Поврзано
- Паситеја — месечина на Јупитер наречена по оваа харита
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads