Дионис

From Wikipedia, the free encyclopedia

Дионис
Remove ads

Дионис (старогрчки: Διώνυσος или Διόνυσος) — бог на билките, грозјето, виното и на екстаза, на ритуалниот (обреден) занес, природните мени, раѓањето и смртта и религиозната екстаза во старогрчката митологија. Дионис бил син на Зевс и на тебанската принцеза Семела. Тој бил нарекуван „рикач“ и „биволорогиот бог“ и често бил претставуван како бик со голема плодност и сила.[1] Исто така, еден од неговите прекари бил Морих (грчки: Μορύσσω). Во таа смисла, на Сицилија, кога сака да се каже дека некој е глупав, се вели дека е поглупав од Морих.[2] Тој бил популарен во старогрчката митологија и религија, особено како божество кое се славело во рамките на секојдневниот живот, и се смета дека бил вклучен меѓу дванаесетте олимпијци. Дионис бил последниот бог прифатен во планината Олимп, а исто така, тој бил најмладиот бог и единствениот со смртна мајка.[3] Неговите фестивали биле движечката сила зад развојот на грчкиот театар.[4][5]

Кратки факти Дионис ...
Remove ads

Раѓањето и младоста

Постојат повеќе верзии за мајката на Дионис: според едни, тоа била Деметра или Ија, според други - Дијана, според трети - Персефона, која Зевс ја оплодил претворајќи се во змија, но според некои верувања Дионис го родила Лета. Приказната најчесто оди вака: претворен во смртник, Зевс тајно водел љубов со Семела (Месечина), ќерката на кралот Кадмo од Теба. Но, Хера, исто така, се претворила во смртничка, како сосетка на девојката, и кога таа била веќе била во шестиот месец од бременоста, да побара од љубовникот да се појави во вистинскиот лик, за да се увери дека не е чудовиште. Зевс ја одбил молбата и Семела му забранила пристап во својата постела. Тогаш, тој се претворил во молња и налутен ја изгорел. Но, Хермес го спасил шестмесечниот плод така што го пришил на слабината на Зевс, каде плодот дораснал до девет месеци. Поради тоа, Дионис го нарекуваат и двапати роден или „дете на двојна врата“.[6] Ова толкување жестоко го исмеал познатиот сатиричар Лукијан во своето дело „Разговорите на боговите“.[2] Хера, која била бесна поради неверството на Зевс, се здружила со титаните да го убијат малечкиот Дионис. Меѓутоа, по неговото убиство, Дионис бил вратен во живот. Токму оваа симболика го поврзува богот Дионис со раѓањето и смртта и природните мени. Потоа Зевс им го дал малечкиот Дионис на чување на шумските нимфи. Кога го изгледале, Зевс ги наградил со тоа што ги возвишил како ѕвезди.

Remove ads

Култот кон Дионис

Култот кон Дионис потекнува од култот кон фригиското божество Сабазиј, така што Сабазиј е прекар на Дионис. Имено, култот кон Сабазиј се славел ноќе и бил придружен со развратни обреди, а подоцна овој култ се споил со оној на Дионис.[7] Најраните култни слики на Дионис го покажуваат како зрел маж, со брада и добро облечен. Подоцнежните слики го покажуваат како голобрад, сензуален, гол или полугол, млад и андрогин, додека литературата го опишува како нежен и женствен.[8] Дионис е претставен од градските религии како заштитник на оние кои не припаѓаат на конвенционалното општество и на тој начин го симболизира сето она што е хаотично, опасно и неочекувано, сè што бега од човечкиот разум и што може да се припише само на непредвидливоста на боговите.[9] Жените кои го славеле култот на Дионис се познати како баханаткини. Облечени во долги фустани, со наметки од срнечка кожа и со расплетени коси, тие трчале низ шумата, фаќале срни, ги распарчувале и го јаделе нивното месо.[10]

Во древниот Рим, Дионис бил познат под името Бакх или Либер.[11] Тој, исто така, бил наречен Eleutherios („Ослободителот“), поради тоа што се сметало дека неговите вино, музика и танц ги ослободувале неговите следбеници од стравот и грижата.[12]

Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads